Министерот Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ

aliu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“, денеска во Брисел беше потпишан од министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и претставници на Европската комисија.







За време на церемонијата, министерот Алиу и се заблагодарил на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја.

-Денес нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата на јавните услуги. Нашата Влада останува решена да ја продолжи дигиталната трансформација со барањата и параметрите на ЕУ, истакнал Алиу.

Министерот Азир Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ

Тој нагласи дека договорот ја покажува посветеноста на Северна Македонија за унапредување на дигиталната инфраструктура и прифаќање на можностите на дигиталната ера.

– Програмата „Дигитална Европа“ ќе обезбеди стратешко финансирање за одговор на овие предизвици, поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: во суперкомпјутер, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување на широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството, вклучително и Дигитални иновативни центри, изјавил Алиу.

Инаку, министерот за информатичко општество и администрација е во тридневна официјална посета на Брисел, каде оствари низа значајни средби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK