Иницијативата за уставни измени на проверка во Министерството за правда, собраниската постапка се очекува да почне кон средината на јуни

Предлог-иницијативата за промена на Уставот подготвена од Работната група за уставни измени е доставена до Министерството за правда, каде се врши проверка и кога ќе биде целосно подготвена ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои и да ја достави до Собранието. Според собранискиот претседател Талат Џафери, од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени …

Continue Reading

Маричиќ: ЕУ интеграцијата е пат кој одговорно и свесно го избраа македонските граѓани

– Европската интеграцијата е пат кој свесно и одговорно го бираме, бидејќи тоа е потребно за стабилност и прогрес на државата, за видливи реформи на внатрешен план, кои ќе дадат позитивна трансформација на македонското општество, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, кој во рамки на официјалната посета на Брисел, се сретна со европратениците од групата на Прогресивна …

Continue Reading

Левица пред Уставниот суд ќе го оспори внесувањето етничка припадност во изводите

Откако пратениците на  Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на антинародната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен …

Continue Reading

Директорот на БЈБ Тасевски на конференцијата „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ што се одржува во Италија

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски денеска учествуваше на завршната конференција на ИПА 2019 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ во Италија на која што, во организација на ЕУ, италијанското МВР и Германската агенција за меѓународна соработка, учествуваа шефовите на полициите на земјите од Западен Балкан. – Општо прифатен факт е дека прекуграничниот криминал …

Continue Reading

Средба на Џафери со новиот кувајтски aмбасадор Ал-Фадли

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска остварил средба со новоименуваниот амбасадор на Кувајт за  Македонија, Гази Хамад Ал-Фадли, на кој му посака добредојде и успешен мандат. Џафери ја искористи приликата за воедно да се заблагодари за успешната соработка со досегашниот амбасадор, Јакуб Ал-Атики. Како што информираат од собраниската прес-служба, Џафери истакна дека негова цел е отворање на резидентни амбасади во …

Continue Reading

Бектеши: И покрај енергетската криза засилено инвестираме во енергетска транзиција и регионално енергетско поврзување

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот панел „Политики и технологии кон декарбонизација“ на годинешниот МЕФ 2023 форум, истакна дека и Република Македонија, исто како и остатокот од Европа го почувствува силно негативното влијание од војната во Украина врз енергетскиот сектор, што предизвика пораст на цените на природниот гас поради нарушувањето на снабдувањето со природен гас од Русија. – Но, …

Continue Reading

Маричиќ: Креирање соодветно образование и обука клучни за развој на македонската економија

Областа „Образование и култура“ обработува суштинска тема за постигнување на благосостојба на македонските граѓани, врз основа на солиден инклузивен економски раст на државата, порача вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ на денешниот билатерален скрининг состанок за Поглавјето 26 – „Образование и култура“ во Брисел. – За развој на македонската економија главен развоен ресурс го …

Continue Reading

СПМ: СДСМ е најголемата пречка за интензивирање на евроинтегративниот процес

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека етикетирањето со „за“ или „против“ ЕУ што го спроведува СДС е смешно, па дури и безобразно. Одамна е јасна ориентацијата на македонските граѓани дека се за Европската Унија. Интересот и поддршката кон ЕУ опаѓа заради некоректниот однос и понижувањата што ги чувствуваат од ЕУ со години наназад. Социјалистичката партија на Македонија го повторува ставот …

Continue Reading

Груби – Балуку: Изградбата на Коридорот 8 проект од големо значење за целиот регион

Инфраструктурните и енергетските проекти, патот кон евроинтеграциите, како и состојбата во регионот, вклучително и на северот на Косово, беа главни теми на разговор на денешната средба на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби оствари со албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку. Како што соопшти Кабинетот на Груби, соговорниците разговарајќи …

Continue Reading