Вицепремиерот Битиќи оствари средба со државниот секретар во норвешкото МНР, Ејвин Вад Петерсон

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со норвешкиот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Ејвин Вад Петерсон, кој е во официјална посета во нашата земја. На средбата, како што соопштија денеска од владината прес-служба, биле разменети мислења за енергетската сигурност и енергетските потенцијали во Македонија, при што вицепремиерот Битиќи нагласил дека за …

Continue Reading

Ковачевски: Евроинтеграцијата на Македонија е значајна за општествениот и за економскиот развој на земјата

Европската интеграција на  Македонија и регионот на Западен Балкан и можностите за економски напредок, општествен развој како и за отворената поддршка на Германија на овој план беше тема на експертската дискусија организирана од страна на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин на која учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски во рамки на неговата дводневна посета на Сојузна Република Германија. Како што соопшти …

Continue Reading

Бочварски и градоначалникот на Кривогаштани потпишаа договори за реконструкција на локални улици во општината

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Кривогаштани Николче Мискоски, денеска потпишаа договор за реконструкција на локални улици во општина Кривогаштани, проект што се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Вкупните средства за реконструкција на локалните улици, соопштија од Министерството за транспорт и врски, изнесува над 230 илјади евра, а се обезбедени преку Владата на …

Continue Reading

ДС: Наместо замајување со устави промени, една изборна единица и предвремени избори

Демократскиот сојуз алармира дека последните корупциски скандали за кои јавно предупредуваат и странски дипломати, сведочат за колапс на државата во целина и на институциите, кој е резултат на високиот степен на криминализација и партизација. За седум години Владата на СДСМ и ДУИ не спроведе ниту една коренита и системска реформа, а целосно ја блокира работата на МВР, АНБ, АР, Финансиската …

Continue Reading

Живко Мукаетов почесен конзул на Кралството Норвешка во Северна Македонија

Почесен Конзулат на Кралството Норвешка денеска беше отворен во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје, чиј генерален директор Живко Мукаетов ќе ја врши функцијата на почесен конзул во земјава. На официјално отворање на конзулатот во присуство на министри во Владата, претставници на бизнис заедницата, на дипломатскиот кор, пријатели и деловни соработници, се обрати државниот секретар во норвешкото МНР,  Ајвинд Вад Петерсон …

Continue Reading

Ковачевски: Не постојат дополнителни услови во Преговарачката рамка

Германскиот канцелар, практично ги повтори гаранциите, кои што веќе стојат во Преговарачката рамка. Други услови не може да има во Преговарачката рамка и затоа она што ЕУ требаше да го направи досега, го направи и она што ние треба да го направиме, верувам дека ќе го направиме и потоа продолжува процесот на отворање на поглавјата и сите реформи што следуваат, …

Continue Reading

Јованчев: Власта си поигрува со лозарите

Денес од оваа говорница сакаме да ја информираме македонската јавност и лозарите за најновото скандалозно и небулозно однесување на нелегитимната Влада на СДС и ДУИ, а особено на недораснатиот министер за земјоделство со неразумното одбивање на дополнувањето на законот за вино. Имено, на денешната 22ра седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство како единствена точка на дневен ред беше …

Continue Reading

Петровска на средба со делегација од норвешкото Министерство за надворешни работи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ејвинд Вад Петерсон, норвешкиот амбасадор Јорн Гјелштад и одбранбеното аташе на Норвешка, полковник Даг Магне Лунде. Продлабочувањето на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Норвешка преку потпишување на повеќегодишен Стратешки план за соработка помеѓу двете армии беше тема во фокусот на …

Continue Reading

Гласањето на уставните измени не треба да бидe предмет на дневно политичка дебата, порача Ковачевски

Гласањето на уставните измени не треба да бидат предмет на дневно политичка дебата и тема на којашто се добиваат дневни политички поени, од избори до избори, туку тоа да бидат предмет на општествен консензус, бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните, порача премиерот Димитар Ковачевски од Берлин. …

Continue Reading