Бочварски и градоначалникот на Кривогаштани потпишаа договори за реконструкција на локални улици во општината

bocvarski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Кривогаштани Николче Мискоски, денеска потпишаа договор за реконструкција на локални улици во општина Кривогаштани, проект што се реализира преку Министерството за транспорт и врски.







Вкупните средства за реконструкција на локалните улици, соопштија од Министерството за транспорт и врски, изнесува над 230 илјади евра, а се обезбедени преку Владата на Република Македонија за проектот „Поврзување со локaлни патишта во општините”

Реконструкцијата започнува следниот месец, а градежните работи ќе завршат до крај на годината.

– Преку директни грант средства до општините овозможуваме подобри услови за живот на граѓаните и урбан развој на општините. Денеска со градоначалникот го потпишавме договорот за реконструкција на две улици во општината и сигурен сум дека со ова обезбедуваме огромен бенефит за граѓаните во Кривогаштани. Општина Кривогаштани преку овој проект на располагање има околу 570 илјади евра за рехабилитација на локалната патна мрежа. Како одговорна Влада со силно темпо продолжуваме со реализација на овој проект се со цел да им помогнеме и да го промениме ликот на општините, истакнала министерот Бочварски, се наведува во соопштението.

Преку проектот за рехабилитација на локалната патна мрежа во општините, досега опфатени се преку 150 локални патишта во преку 60 општини во државата.

Министерството за транспорт и врски, стои во соопштението, останува силен поддржувач на локалните самоуправи се со цел локален економски и урбан развој во општините во Република Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK