Министерот Николовски во посета на Словенија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на МЗШВ, денеска и утре ќе биде во работна посета на Република Словенија. Како што информираат од МЗШВ, во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари билатерална средба со министерките за земјоделство, шумарство и храна Ирена Шинко и за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух. Николовски ќе посети и повеќе …

Continue Reading

Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност со Црна Гора

Министерот за информатичко општество и администрација  Азир Алиу и министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност. Потпишувањето на Меморандумот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Continue Reading

Мисовски: Фестивалот „Илинденски денови” е богато светско културно наследство

– Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови” е интернационален и единствен наш фестивал кој што е во елитата на фолклорни фестивали во светот, истакна Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, прогласувајќи го за отворен. Пред аудиториумот во Битола, Мисовски нагласи дека фестивалот претставува богато светско културно наследство. -Задоволство е да се видат на едно место …

Continue Reading

Маричиќ: Се обидуваме да ја убедиме опозицијата дека ова е вистинскиот чекор

– Ние го спроведуваме она што нашето Собрание го усвои минатата година пред отворањето на преговорите. На 16 јули минатата година нашето Собрание ги усвои заклучоците меѓу кои беше и оваа обврска за овие уставни измени со коишто внесуваме во нашиот Устав, во преамбулата уште неколку заедници на оние што веќе се таму. Ние се обидуваме веќе цела година, на …

Continue Reading

Мисајловски: Уставните измени наидоа на отпор кај граѓаните, вчера се докажа дека власта нема 80 пратеници

-Вчера се случи онаа фамозна Комисија што долго време ја најавуваа за уставни промени. Односно веќе една година слушаме од власта дека ќе стигне предлогот во Собрание, дека уставните измени се многу потребни во секој момент, веќе многу долг период се шпекулираше. Уставните амандмани за промена на Уставот наидоа на отпор кај граѓаните. А, вчера се докажа дека владиното мнозинство …

Continue Reading

Петровска-Ѓулер: Македонско-турската одбранбена соработка продолжува да се развива

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Истанбул се сретна со нејзиниот турски колега, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, со кого разговараше за македонско-турските одбранбени односи, безбедноста на Балканот и зацврстувањето на колективната безбедност на Алијансата. -Досегашната речиси тридецениска одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Турција ни овозможи да имаме подобра, поопремена, посилна Армија. Северна Македонија е уверена во …

Continue Reading

Собранието ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на земјата и за обезбедување на КПУ Идризово

Собранието попладнево во рамките на 124 седница едногласно со 62 гласа „за“ ја донесе одлуката за за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово. Претходно во расправата Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е обид …

Continue Reading

Бектеши: Да се донесе акт за да можеме да го раскинеме договорот со „Еуромакс“, најдобар аргумент е заштитата на животната средина

Да се донесе акт со кој ќе се утврди дека потенцијалната инвестиција е спротивна на стандардите за заштита на животната сртедина. Само така ќе можеме да постапиме, да дејствуваме и да поднесеме предлог со кој би се раскинал договорот со концесионерот „Еуромакс“ за рударскиот комплекс „Иловица-Штука”, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што посочи Бектеши откако речиси час …

Continue Reading