Османи преку видео ја објаснува суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави видео на својот профил на Фејсбук со кратко објаснување, како што посочува, на суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ, како одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина. -Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за …

Continue Reading

СДСМ: ДПМНЕ да се вклучат во процесот и да дадат поддршка за уставните измени

  Христијан Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка за уставните измени, ако навистина се грижат за интересите на државата и за европската агенда. Исполнети се сите услови што самиот Мицкоски ги постави за ДПМНЕ да поддржи уставни измени. Со оставките на министрите од ДУИ, што ќе стапат на сила веднаш по усвојувањето на уставните измени, Мицкоски и ДПМНЕ можат веднаш …

Continue Reading

Николовски: Поради најави за невреме, земјоделците навремено да преземат мерки за заштита

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски синоќа апелираше до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците. -Според прогнозата УХМР најавува дека во текот на попладневните часови во сабота 5 август се очекува можност од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време …

Continue Reading

Молкот на Ковачевски на негациите од Софија упатени на Илинден, отвора сомнеж дека тој веќе го прифатил бугарскиот наратив

Втор ден како Ковачевски, Османи и Маричиќ се кријат од јавноста после навредите и понижувањето кое дојде од Софија. Бугарскиот претседател и бугарскиот премиер, што би се рекло целиот државен врв кај нашиот источен сосед го бугаризираше Илинденското востание, го престави како борба на Бугарите за слобода, како фаза до приклучување на Македонија кон Бугарија. Ова е отворена негација на …

Continue Reading

Маџовски: Законски измени за привремени управители во зградите за квалитетно и регулирано домување

– Со законски измени ќе се овозможи определување привремен управител во зградите, со што се очекува да се надмине проблемот во поголемиот број згради кои досега не го уредиле управувањето во заедничките делови во согласност со Законот за домување. Со тоа, според Регулаторната комисија за домување, значително ќе им се помогне на граѓаните во надминување на бројните проблеми и тешкотии …

Continue Reading

Стоилковски: Оставките на ДУИ се маркетиншки трик и дефокус на нивниот криминал и корупција помогнат од измеќарот Ковачевски

Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа потенцираше дека условените оставки од министрите на ДУИ се маркетиншки трик и обид за дефокус од криминалот и корупција на владата на СДС и ДУИ. Тоа е само уште еден маркетиншки трик добро разработен во ДУИ. Оставките на ДУИ дојдоа во моментот кога над …

Continue Reading

Арсовска: За да добиеме бесплатен јавен превоз, советниците треба тоа да го изгласаат

– Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, во вечерашното гостување на Канал 5, на прашање од граѓаните во однос на тоа дали ќе има бесплатен јавен превоз во главниот град, рече дека тоа е директно поврзано со набавката на 250 нови автобуси и дека треба да го гласаат советниците од градскиот Совет. – Бесплатниот јавен превоз е нешто што е …

Continue Reading

Арсовска: Нема покана од Владата за средба со раководството на Град Скопје

 – Досега нема покана од Владата за средба на која би се разговарало за помош од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вечерашното гостување на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја повика неа и нејзините соработници на состанок во Владата затоа што „градот на ништо не личел“. – …

Continue Reading

Демократското движење на Изет Меџити ги собрала потребните потписи за регистрација

Демократското движење на Изет Меџити соопшти дека денеска во рекордно време ги собрале потребните потписи за регистрација на политичкиот субјект. -Стотици истомисленици на Изет Меџити денеска се собраа во нотарски канцеларии да го дадат својот потпис за формирање на Движењето кое ветува позитивни промени за Албанците во Република Македонија. Организацискиот совет при Демократското движење предвиде потписите да се собираат во …

Continue Reading