Николовски: Поради најави за невреме, земјоделците навремено да преземат мерки за заштита

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски синоќа апелираше до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците.

-Според прогнозата УХМР најавува дека во текот на попладневните часови во сабота 5 август се очекува можност од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Апел до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците, пишува на Фејсбук министерот за земјоделство Николовски.



Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK