Во Скопје санкционирани 126 возачи

На територија на Скопје вчера се изречени вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Continue Reading

Настан во НУБ „Свети Климент Охридски“ по повод Денот на македонскиот јазик

На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озаконува првиот правопис на македонскиот јазик. По тој повод, денеска од 11 часот, Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ го организира настанот „Преку јазикот на Конески и Миладиновци до светот на македонската …

Continue Reading

Жителите на Аеродром и Карпош без вода

Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“ и дел од „3-та Македонска Бригада“, вклучително и поранешната амбуланта „Пролет“ во Општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. „Никола Карев“ бр.9. Исто така, д 10:00 часот без вода ќе бидат …

Continue Reading

Концерт со маестро Шаровски и хорнистот Боштјан Липовшек во Филхармонија

Оркестарот на Македонска филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. Како што информираат од Филхармонија, на програмата на концертот се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер. Германскиот …

Continue Reading

Проекција на документарецот „Во потрага по главната улица Америка“ од Наум Пановски

Проекција на трилогијата „Во потрага по главната улица Америка“ од авторот Наум Пановски ќе се одржи денеска во просториите на КСП Центар – Јадро во Скопје, по што ќе следи и разговор помеѓу авторот Пановски и филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре. „Во потрага по главната улица Америка“ е документарен видео колаж/асамблаж во три дела, изработен од архивски и актуелен …

Continue Reading

Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне,  денеска престојува во еднодневна посета на државава во рамки на која во Министерството за одбрана и ГШ на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Главни теми на средбата, како што е најавено, ќе …

Continue Reading