Без вода дел од Шуто Оризари и Визбегово

Без вода денеска од 8:20 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Македонско-косовска бригада“, од крак број 17 до 31 и дел од улицата „3“ во Визбегово. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од ф-80 мм на улицата „Македонско-косовска бригада“ крак 17 без број, кај џамијата во населбата Шуто Оризари. …

Continue Reading

Без вода дел од општина Гази Баба

Од 08:30 часот утрово без вода ќе бидат корисниците од дел од Ќерамидница, Бриколаж и Бонум, соопшти РЦУК. Причината за прекинот во водоснабдувањето е промена на затворач ф-80 мм на улицата „Перо Наков“ бр.57. Корисниците ќе немаат вода до завршување на предвидениот зафат.

Continue Reading

Герасимовски: Повеќе зеленило, подобрени сообраќајни решенија и детска градинка во новиот ДУП Крњево 2

 – Повеќе зеленило, подобрени сообраќајни решенија, нова детска градинка и зголемени растојанија на објектите се главните придобивки од носењето на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2 на денешната, 26 седница на Советот на Општина Центар. Во новиот ДУП Градска четврт ЦС 07 – Крњево 2, соопштија денеска од Општина Центар, предвидено е намалување на станбената развиена …

Continue Reading

Јакимовски побара одговор од Мицкоски како го стекнал имотот во изминатите години

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција што ја одржа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, побара од нејзиниот лидер Христијан Мицкоски да одговори како го стекнал имотот во изминатите години. Единственото прашање, рече Јакимовски, кое го посочува деновиве тој и неговите сопартијци е како внукот на Али Ахмети, на 25 години стекнал толку големо богатство што …

Continue Reading

Делови од Батинци и Стајковци без вода

Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од скопските села Батинци и Стајковци. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во Батинци е поради дефект ф-90 милиметри на улица „1“ во Батинци, на патот за Марков манастир. Прекинот во водоснабдувањето во Стајковци е поради уличен дефект ф-250 милиметри на улица „Алија Авдовиќ“ без број. Водоснабдувањето на …

Continue Reading

Поради дефект без вода дел од корисниците од улица „Кавалска“

Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Кавалска“ (до градинката 8 Март), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:40 часот до санирање на дефектот.

Continue Reading

Асфалтирање на улицата „415“ во населено место Марино

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта на Општина Илинден, денеска се асфалтираше улица „415“ во населено место Марино која е во должина од 150 метри. – Увид во работните активности направи и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека финансиските средства за асфалтирање на улиците се обезбедени од Буџетот на …

Continue Reading

Во Сингелиќ пукано во возило со сопружници, залутан куршум оштетил летниковец во Гази Баба

Б.И.(31) од скопското село Сингелиќ денеска во 3.30 часот пријавил дека во селото,  додека се движел со патничко возило во кое била и неговата сопруга, Ј.Б.(35) од Скопје испукал кон нив со огнено оружје. Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен. Во полицискиот Билтен е регистрирана и пријава  …

Continue Reading

Компаниите во Скопскиот регион поддржани со 1,2 милијарда денари за инвестиции

Само во Скопскиот регион, Владата има исплатено околу 1 милијарда и 200 милиони денари финансиска помош за 181 компанија преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ), изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на компанијата „Нехо Исни“ од Скопје. Откако ги обиколи капацитетите за производство на сладолед со што „Нехо Исни“ се занимава од 2012 година …

Continue Reading