Полицијата со совети до пешаците за безбедно движење-лани четири пешаци ги загубиле животите во Тетовско

Од викендов започна повеќедневната активност за советување на граѓаните како пешаци и возачи од страна на полицајците во рамките на превентивно-едукативната кампања „И јас и ти сме пешаци“. Во Тетово и Гостивар на граѓаните им беа поделени летоци на македонски и албански јазик со повеќе информации – како безбедно да се преминуваат улиците, како да се движат пешаците доколку нема …

Continue Reading

Започна проектот за обнова на улиците во 11 0ктомври Бараки

Со градежните активности на ул. „Петар Драпшин”, во Општина Кисела Вода започна големиот проект за санација на улиците во населбата 11 Октомври Бараки. Се работи за зафат кој ќе опфати повеќе од 11 000 квадратни метри површина и ќе донесе подобрување на условите за живот на жителите кои чекаа 30-тина години на оваа активност, соопшти општинската прес-служба. За рехабилитацијата на …

Continue Reading

На четири локации во Куманово ќе има детски катчиња

Детски катчиња ќе има на четири нови локации во Куманово, информираше на последната прес-конференција кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкезе. – Првично предвидовме шест, но поради повисоките цени ќе поставиме четири. Сега истите тие средства само ги пренаменуваме за изградба на четири и тоа е цената …

Continue Reading

Дебрани се поврзувале на мрежата од уличното осветлување

По појавата на кражби и оштетувања на сообрајќајни знаци и на капаци од столбови од уличното осветлување, локалната власт на Дебар откри уште една негативна појава, нелегално поврзување на мрежата на уличното осветлување. -Нашите служби почнаа со контрола на мрежата на уличното осветлување и веќе открија нелегално поврзување во истата. Проверките ќе продолжат редовно и сите такви дејствија ќе бидат …

Continue Reading

Ученичка од Берово освои златен медал на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи и техничари

Средношколка од Берово освои златен медал на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи и техничари, „Бановичи 2023“ кој викендов се одржа во Бановичи, Босна и Херцеговина. Успехот како што информираше Бистра Поп Ѓорѓиева од Народна Техника Берово е голем бидејќи е постигнат во доста силна конкуренција. -Ученичката Екатерини Самаропулу во категорија агротехника, освои златен медал, додека Сара Видинска за нејзиниот проект …

Continue Reading

Во Крива Паланка почна изградбата на улица „Баглачка“

Во Крива Паланка отпочнаа градежни работи за изградба на комплетно нова улица во населбата Баглак, улицата ќе добие нов асфалт и ќе се постави одводна мрежа за решавање на проблемот со атмосферски води. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со стручните служби од општината, денес изврши увид во воведните градежни активности за реализација на проектот. – Со реализација …

Continue Reading

Акција за косење на тревата и чистење на комунален отпад во Кисела Вода

Во Општина Кисела Вода од утрово се одвива акција за косење на нараснатите тревни површини. Активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници. Од општинската прес-служба информираат дека се работи со засилено темпо со цел убавото време кое претстои, граѓаните да можат да го искористат во …

Continue Reading

Без вода Реонски центар во Ново Лисиче

Поради дефект на затворач на бул. „Видое Смилевски Бато“ бб (во близина на маркет Рептил), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Реонски центар (висока зона) во населба Ново Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санација на дефектот.

Continue Reading

Работилница во Битола „Како до успешен музички букинг“

Во Битола се одржа работилница за музички менаџмент „Како до успешен музички букинг“ наменета за независната музичка сцена во овој град. На работилницата учествуваа претставници од десетина локални бендови кои беа запознати со активностите и целите на проектот и веб страницата наменета за промовирање на независната музичка сцена. -Работилницата ја одржа професионалниот музичар, професор и промотор, директор на џез фестивал …

Continue Reading