Со пет награди, претставата „My name is Medeja“ е најдобра на годинашниов театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
-
Деск
-
June 16, 2023
-
Култура, Општини
-
0 Comments
Претставата на битолскиот театар „My name is Medeja“ е најдобра претстава на годинашниов 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од 9 до 16 јуни се одржуваше во Прилеп. Оваа претстава освои вкупно пет награди меѓу кои и за најдобра режија, за режисерот Себастијан Хорват и за главна женска улога за Илина Чоревска, за улогата Медеја во претставата. Дамјан Цветановски …
Continue Reading
Заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“
-
Деск
-
June 16, 2023
-
Култура, Општини
-
0 Comments
Со детската театарска претстава „Во домот на Волшебникот“, што се одигра синоќа, заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“, кој годинава се одржува под мотото „Фестивалска магија цело лето“. Од почетокот на фестивалот на 6 јуни, се одржаа седум рекреативно-спортски и културни настани, а „Струмица опен“ продолжува на 26 овој месец. – Планираните програмски содрини во целост се реализирани и …
Continue Reading
Напладне ќе се знаат најдобрите, вечер се затвора МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
-
Деск
-
June 16, 2023
-
Култура, Општини
-
0 Comments
Со доделување на наградите на најдобрите и со претставата во чест на наградените „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, а во изведба на Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе заврши 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Денеска напладне …
Continue Reading
Оспособен за сообраќај патот село Огут – село Нерав
-
деск
-
June 15, 2023
-
Општини
-
0 Comments
По шестчасовна работа на терен, екипите на Јавното претпријатие Државни патишта, секција Крива Паланка, го оспособија и ставија во функција регионалниот патен правец Крива-Паланка-село Огут-село Нерав, што од синоќа поради обилните врнежи и надојдената река беше оштетен. Раководителот на секцијата на ЈП Македонија пат – Крива Паланка, Боби Димитровски, информира од терен дека патот е прооден и веќе сообраќаат патнички …
Continue Reading
Приведен крадец од Битола, ќе биде спроведен во затвор
-
деск
-
June 15, 2023
-
Општини, Хроника
-
0 Comments
Полициски службеници од криминалистичката полиција при битолскиот СВР денеска во Битола го лишиле од слобода 31-годишниот битолчанец Џ.А. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од кривичниот законик. Исто така, како што соопштија од МВР, тој …
Continue Reading
Во Велес поплавени улици, деловни објекти и куќа во синоќешното невреме
-
деск
-
June 15, 2023
-
Вести, Општини
-
0 Comments
Територијалната Потивпожарна Единица – Велес поради синоќешните обилни врнежи од дожд во Велес, синоќа интервенирала на поплавени два деловни објекта на улица „Благој Горев“ и на поплавена куќа на улица „Васил Атанасов“ бр 22 во населба Превалец, информираат од Центарот за управување со кризи Велес. Од таму појаснуваат дека тројца пожарникари на Територијална Противпожарна Единица Велес со едно противпожарно возило …
Continue Reading
До крај на денот ќе се санира патот кон отсеченото кривопаланечко село Нерав
-
деск
-
June 15, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Делот од регионалниот патен правец Крива-Паланка-село Огут-село Нерав што од синоќа поради обилните врнежи и надојдената река е однесен, ќе биде саниран до крајот на денот, информира раководителот на секцијата на ЈП Македонија пат-Крива Паланка, Боби Димитровски. Сообраќајот на патот помеѓу селата Огут и Нерав од синоќа е во прекин, а отсечени се околу 100-тина жители на Нерав, оддалечено 34 …
Continue Reading
Штипскиот Центар за култура го објави конкурсот за драмски текст за деца
-
деск
-
June 15, 2023
-
Култура, Општини
-
0 Comments
Центар за култура „Ацо Шопов“ го објави конкурсот за драмски текст за деца. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков на денешната прес-конференција информира дека рокот за доставување е до 30 септември, по што Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите текстови и за најдобриот ќе одлучи до средината на месец октомври. Правилата остануваат исти како и минатата година, а …
Continue Reading
Почна реконструкцијата на дел од булеварот „Партизанска“ во Штип
-
деск
-
June 15, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Почнаа градежните активности за реконструкција односно асфалтирање на булеварот „Партизанска“ во близина на автобуската станица во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информира дека се издвоени 2,4 милиони денари, за да се постави асфалтна маса на овој потег, каде претходно се работеше на промена на фекалната канализација. Јорданов посочи дека ќе се реконструираат двете коловозни ленти, …
Continue Reading