Почнува регионалниот проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“

Регионален проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“ ќе биде промовиран денеска во 12 часот во Дебарски Бањи Цапа, Косоврасти, Дебар. Проектот ќе биде спроведен од ЦНВП Скопје, заедно со ЦНВП Албанија, Црна Гора и Косово, во партнерство со Асоцијација за глобален развој (ICEP), финансиран од Австриска агенција за развој со средства на Австриската развојна соработка. На …

Continue Reading

Камерен концерт „Дијалози за кларинет и пијано” во Делчево

 – Камерен концерт „Дијалози за кларинет и пијано” во изведба на Иле Колев и Ангеле Михајловски се одржа вечерва во Делчево. На концертот беа изведени музички изведби од различни епохи до современа музика на кларинет и пијано. – Свиревме Кончертино од Вебер, Балада од Перминов, потоа Соната од Камиј Сен Санс, за да завршиме со концертно соло од Муке, рече …

Continue Reading

Во Струмица се одржа трибина „Вистинското лице на родот“

– По толку трибини и дебати ние не можевме да го откриеме и да го видиме вистинското лице на родот. Луѓето сè уште повеќе збунети, заради тоа што родот во тој контекст во којшто ни го претставуваат нема само едно лице, туку има илјадници лица и бројот на тие лица продолжува да се зголемува, истакна викарниот епископ Јаков на вечерашната …

Continue Reading

Во Берово и Пехчево одржана јавна расправа по нацрт-планот за управување со заштитен предел „Малешево“

– Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Јавно претпријатие „Национални шуми“ денеска во Берово и Пехчево се одржа јавна расправа по нацрт-плановите за управување со заштитениот предел „Малешево“ и стратегиската оцена на животната средина за нацрт планот за управување со ЗП „Малешево“ за периодот 2023-2032 година. Државниот секретар на Министерството за животна средина …

Continue Reading

Делегација од Општина Берово во посета на пријателски општини од Република Словенија

Делегација од Општина Берово се наоѓа во официјална посета на Република Словенија каде е предвидена посета на неколку Општини со кои општината досега успешно соработува. Во рамки на посетата градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски оствари средба со амбасадорот на С Македонија во Словенија, Горан Милевски. – На средбата ја истакнавме потребата од поддршката од Амбасадата, во иднина, за меѓуопштинска соработка …

Continue Reading

СВР Тетово со aпел да не се пука по свадби, казните се од 100 до 250 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје. Апелот следува со оглед дека во текот на овој и наредните два месеци, јули и август, на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број …

Continue Reading

Одржана втората работилница со општинските инспектори од смарт проектот на невладината организација „КХАМ“ од Делчево

Во Делчево во тек е втората работилница со Општинските инспектори која се реализира како дел од смарт проектот на невладината организација „КХАМ“. На работилница учество зеде Општинскиот инспектор за животна средина кој пред присутните ги образложи проблемите од областа на оваа област и како граѓаните можат истите да ги пријават. Според координаторот на проектот Зоран Биковски присуството на инспекторот е …

Continue Reading

Виница е шампион во Источниот регион според ниската стапка на невработеност

Општина Виница е шампион во Источниот плански регион според ниската стапка на невработеност, а бројот на лицата кои бараат работа за една година се намалил за десетина отсто. Минатата година во евиденцијата на Агенцијата за вработување во Виница биле регистрирани вкупно 1.225 невработени, а 706 се активни баратели на работа, од кои 44 отсто се жени. Овој број е за …

Continue Reading

Саем на книга на „Култура“ во Делчево

Богата понуда на книги меѓу кои и дела од авторката Милијана Павловска денес понуди Саемот на книга на издавачката куќа „Култура“ во Делчево. Саемот е во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево чиј директор Биљана Петровска ги повика читателите да го посетат и да поразговараат со творештвото на Павловска. -Издавачката куќа „Култура“ конечно со свој саем на книги …

Continue Reading