Со еко–квиз во Кавадарци се одбележува десетгодишното постоење на Национален младински Совет на Македонија

– Национален младински Совет на Македонија одбележува 10 годишно постоење, а по тој повод вечерва во Кавадарци беше реализиран еко квиз, соработка со кавадаречкото здружение за заштита на животната средина „Еко – живот“, член на НМСМ. На настанот беше кажано дека ова е само една од активностите со кои се одбележува јубилејот. – Заедно со младите од Кавадарци реализираме повеќе …

Continue Reading

Кисела Вода: Стаклара за првпат ќе добие водовод и фекална канализација

Средства во износ од 480 000 евра ѝ се одобрени на Општина Кисела Вода за изградба на водоводна мрежа со резервоар во населбата Стаклара (Каменик). Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерката за животна средина Каја Шукова, каде официјално беше потврден позитивниот одговор на апликацијата поднесена од страна на општината и беа дефинирани насоките по …

Continue Reading

Во Берово консултативна работилница во рамки на процесот за изработка на планот за одржлива клима и енергија

Во Берово одржана консултативна работилница за приоритетните сектори и мерки за адаптација и ублажување на климатските промени. Активноста се реализира во рамките на процесот за изработка на Планот за одржлива клима и енергија, на Општина Берово. Во рамките на целиот процес како што информираа од Општината предвидена е анализа на ранливоста од аспект на климатски промени, можните сценарија на подолг …

Continue Reading

Прскање против комарци в четврток во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица утре ќе се спроведе прскање против комарци, информираа од Општина Македонска Каменица. Третирањето како што се вели во информацијата оттаму, ќе биде теристичко на опфатена вкупна површина од 200 хектари. – Упатуваме соопштение до граѓаните дека во четврток, на 29 јуни 2023 година, во доцните вечерни часови ќе се спроведе прскање против комарци кое ќе го врши …

Continue Reading

Питомците од воениот кампус во Пепелиште донираа во Дневниот центар „Порака“ Неготино

Питомците од воениот летен кампус кој деновиве се одржува во Центар за обука Пепелиште и годинава донираа храна и пијалаци во Дневниот центар „Порака“ Неготино. Се работи за центар за помош на лица со попреченост. – Истовремено, питомците и лицата што добиваат поддршка во рамките на „Порака“,  поминаа заеднички моменти во најразлични активности, играње игри и дружење, рече Верица Ташева, …

Continue Reading

Општина Куманово организираше прием за учениците кои учествуваа на МОС натпреварот

Општина Куманово организираше прием за учениците кои учествуваа на годинешниот МОС натпревар. Ученикот, Леонид Петковски од средното училиште „Наце Буѓони“ освои прво место и можност да се натпреварува на светскиот МОС натпревар во Орландо, Флорида – САД. -Денеска во општина Куманово како дел од проектот за унапредување на дигитална писменост на младите од 13 до 22 години, беа доделени МОС …

Continue Reading

По неколкугодишна пауза, повторно “Златни денови” во Кратово

Локалната самоуправа на Општина Кратово најавува богата културна програма на возобновената манифестација „Златни денови” што ќе се одржи следниот викенд, 7 и 8 јули. -Со особено задоволство најавуваме дека по неколку години пауза се подготвува петтото издание на културно- забавната манифестација „Златни денови”, Кратово 2023 година, а како организатори, најавуваме дека ќе бидат денови за паметење со многу дружење, добра …

Continue Reading

Општина Куманово аплицираше за проект за санација на мост во село Пчиња

Оштетените столбови на мостот на реката Пчиња во кумановското село, ќе се санираат со средства обезбедени преку проект. Општина Куманово аплицирала со два проекта до ЕУ, за санација на мостот во селото Пчиња и за изградба на мост во Довезенце, соопштија надлежните. Столбовите на мостот видно се оштетија при последните врнежи од дожд во регионот, по што Центарот за управување …

Continue Reading

Заврши првиот турнир во мал фудбал „Тетово 2023“-победи екипата „Такси МСМ“

Екипата „Такси МСМ“ е победник на првиот турнир во мал фудбал „Тетово 2023“ што вчера се одигра во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Во финалниот дуел „Такси МСМ“ и екипата „Ресторан Босс“ одиграа нерешено 4:4, а победникот беше решен по изведување на пенали 10:9. – За најдобар играч беше прогласен Мелуш Керими од „Такси МСМ“, додека за најдобар голман …

Continue Reading