Од донаторска акција обезбедена медицинска опрема за ЈЗУ Општа болница Струмица

Три ЕКГ апарати, пет мулти-параметарски ЕКГ монитори и соодветни додатоци, обезбедни од донаторска акција на иницијатива на семејството Костадинови, денеска беа донирани на Одделението за кардиологија при ЈЗУ Општа болница Струмица, кои веднаш ќе бидат ставени во употреба, известуваат од болницата. – По претходна иницијатива на наши сограѓани и размена на информации, разговарано е за можноста за поддршка во доопремување …

Continue Reading

Се намалува бројот на запишани првачиња во битолските основни училишта

Се намалува бројот на запишани ученици во прво одделение во дванаесетте основни училишта во Битола и битолско. Во предвидениот рок запишани се вкупно 751 прваче или споредено со минатата година, бројот е намален за дваесеттина ученици. Од Општина Битола информираа дека во ОУ „Гоце Делчев“ годинава се запишале 46 првачиња, во ОУ „Кирил и Методиј“ – 35, во ОУ „Коле …

Continue Reading

Добороволци спасувачи на вода на Дебарско Езеро

На градската плажа на брегот на Дебарско Езеро за безбедноста на капачите се грижат двајца спасувачи на вода, кои истото го прават на доброволна основа. Според секретарот на Општинската организација на Црвен крст, Исни Телќиу, станува збор за двајцата млади Јон Батку и Валдет Челику, кои изразиле подготвеност без никаков надоместот да бидат ангажирани. -На градската плажа, каде концентрацијата на …

Continue Reading

Протест на судската служба пред зградата на штипскиот Основен суд

Судската администрација во Основниот суд во Штип излезе на едночасовен протест пред зградата на судот. Верица Тасева вели дека Здружението на судска администрација е незадоволно од третманот на извршната власт кон вработените во судската служба. -Над 90 проценти од вработените во судската служба земаат плата под просечната плата. Земаат во распон меѓу минималната и просечната плата. Многу мал дел земаат …

Continue Reading

Почна увидот во кумановскиот суд

Почна увидот во Основниот суд Куманово, кој треба да ги покаже причините за пожарот што  избувна завчера. – Увидот ќе го спроведува основен јавен обвинител од Скопје, ќе присуствувам и јас и дежурен обвинител од Куманово, увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехнкка од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. По завршување на увидот ќе ја информираме …

Continue Reading

Без вода дел од општина Бутел

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Груица Војвода“ и „Црвени Брегови“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Груица Војвода“ 14 во населба Бутел 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Continue Reading

Последен повик на Стрип центарот на Македонија – Велес за учество на претстојниот меѓународен стрип конкурс

Стрип центарот на Македонија – Велес објави последен повик за учество на традиционалниот меѓународен конкурс за стрип на кој може да учествуваат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста, а истиот трае најдоцна до 10 август годинава. Како што извести програмскиот координатор на Центарот, Томе Трајков и оваа година ја следи голема масовност во пријавувањето на оваа …

Continue Reading

Против пожари со просеки на висорамнината Љубаш во Кавадарци

Обновени се противпожарни просеки на висорамнината Љубаш, како превенција од пожари на овие многу високи температури и прогласена портокалова фаза со метео аларм, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. – Активноста ја реализиравме во соработка со шумското стопанство ,,Бор”, јавното претпријатие ,,Комуналец” и општинскиот сектор ,,Мој општинар”, со поддршка на градоначалникот Митко Јанчев. Оваа интервенција е од големо значење …

Continue Reading

Жители на Градско и Велес поради реконструкција на регионалниот пат Велес – Градско секојдневно мораат да плаќаат патарини

Жители на Градско и населените места од Општина Градско кои работат во Велес и обратно жители на Велес кои работат во Градско и околината  поради асфалтирање на регионалниот  пат  Велес – Градско се револтирани бидејќи од денеска, па се до 22 јули во периодот од 8 до 18 часот, во време кога одат и се враќаат од работа повторно, како …

Continue Reading