Заврши увидот во кумановскиот суд, вештачењата ќе ги покажат причините за настанување на пожарот

Обвинителство од Скопје го работи предметот за опожарувањето на подрумските простории на кумановскиот суд. Претпладнево почна увидот кој го спроведува обвинител од Скопје како и увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехника од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. На увидот присуствуваа и шефицата од кумановското обвинителство како и дежурен обвинител од ОЈО Куманово. -Сега заврши увидот, …

Continue Reading

Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела

В.Д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршува од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците. – Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за …

Continue Reading

Овој викенд ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба

За време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“ по локалниот пат до селото Галичник ќе важи посебен сообраќаен режим со ограничено движење на моторни возила во сабота и во недела. Од полицијата информираат дека во периодот од 17 часот на 15 јули (сабота) до 17 часот на 16 јули (недела) заради одвивање на церемонијата и активностите опфатени со манифестацијата „Галичка …

Continue Reading

Проект „Tоплотен бран 2023’’ во Кисела Вода за заштита од високите температури

Општина Кисела Вода, заедно со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започнаа со спроведување на проектот „Топлотен бран 2023’’. Како што посочуваат од Општината, во населбите 11-ти Октомври-згради и Цветан Димов, во Драчево и Пинтија, мобилни екипи составени од возило на Црвениот крст, медицинско лице, претставници од месните заедици низ општината, волонтери на Црвен крст, на граѓаните им делат шишиња …

Continue Reading

Ганиу: Го осудуваме вандалскиот чин на таблата со името Парк Украина

Општина Чаир и јас како нејзин градоначалник најостро го осудуваме вандалскиот чин на таблата со името Парк Украина која се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект. Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот Украина што го промовиравме пред неколку недели заедно со Украинската амбасада во земјава. Случајот веќе го …

Continue Reading

Во тек е вонредната седница на Советот на град Скопје за состојбата со комуналната хигиена

Советниците на град Скопје на денешната вонредна седма седница изгласаа дека има потреба за одржување на вонредна седница, поради случувањата со комуналната хигиена и комуналното претпријатие. Советниците побараа од страна на претседателот на Советот на град-Скопје, Трајко Славевски да ја повика градоначалничката Данела Арсовска и директорката на ЈП за Комунална хигиена да присуствува на седницата и да се дебатира на …

Continue Reading

Во Желино заврши изградбата на Младински културен центар од ТАВ програмата, Општината треба да ја уреди внатрешноста

Заменик претседателот на Владата Фатмир Битиќи денеска во општинскиот центар Желино заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и градоначалникот на општината Блерим Сејдиу извршија увид во изградбата на објект наменет за Младински културен центар. Изградбата на овој објект е со средствата од ТАВ програмата за инфраструктурни објекти низ државата. Вицепремиерот Битиќи посочи дека според проектот и обврската …

Continue Reading

Тиквешијата одбележува 82 години од загинувањето на Диме Поп Атанасов

Тиквешијата денеска одбележува 82 години од загинувањето на Диме Поп Атанасов, прва жртва по окупацијата на Македонија во 1941 година, потсетија денеска од Музеј галеријата во Кавадарци. Роден бил во селото Страмашево во 1918 година. Неговото семејство се преселило во Кавадарци каде што завршил основно образование и граѓанско училиште до четврти клас. Немајќи финансиски можности да го продолжи школувањето, работел …

Continue Reading

Спасовски на средба со раководството на Регионалниот центар Запад, СВР Охрид и ОВР Струга во рамки на „Безбедно лето 2023”

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на проектот „Безбедно лето 2023” денеска оствари средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Секторот за внатрешни работи Охрид и Одделението за внатрешни работи Струга. Тој се запозна со безбедносната состојба на подрачјето, за состојбите со криминалитетот, како и за активностите што се преземаат за намалување на стапката на …

Continue Reading