Приведени двајца крадци во Тетово

МВР соопшти дека ноќеска околу 03.10 часот во Тетово полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници кои претходно биле пријавени дека извршиле кражба во патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки кое било паркирано на улица „Христо Антовски“ во Тетово. Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот Ф.Б.(32) од Тетово. Според МВР, по целосно документирање на …

Continue Reading

Продолжува потрагата по момчето кое исчезна завчера во водите на браната кај село Дрвош

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата. Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу …

Continue Reading

Летно хуманитарно кино во Куманово

Клубот на млади при општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Центарот за меѓукултурен дијалог организира хуманитарно летно кино, информираа денеска од организацијата. – Со почеток од 20:00 часот во училишниот двор на основното училиште „Вук Караџиќ“. Цената на билетот е 50 денари и сите средства собрани од продадените билети ќе бидат донирани за Теодосија, информираа од Црвен …

Continue Reading

Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро

За уште еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера кога исто така имаше намалување на нивото за еден сантиметар. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера со што нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за …

Continue Reading

Српска вечер на „Охридско лето“ со концерт на познатиот виолинист Немања Радуловиќ и ансамблот „Дабл сенс“

Во рамки на Српската вечер на „Охридско лето“ вечерва на сцената „Долни Сарај“ ќе настапи афирмираниот виолинист Немања Радуловиќ, заедно со ансамблот „Дабл сенс“. Немања Радуловиќ со неговата уникатна енергија и искреност во изведбите, како и со возбудливата виртуозност, длабочина на изразот и со авантуристичкиот пристап кон програмата што ја изведува говори за тоа дека музиката навистина има моќ да …

Continue Reading

Без вода дел од Општина Центар

Од 09:15 часот утрово вода нема да имаат корисниците од улиците „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, дел од „Аминта Трети“ и „Коста Кирков“. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на ф-80 мм на ул. „Дебарца 3“, а ќе трае до негова санација.

Continue Reading

Без вода дел од улиците „Методија Митевски“ и „Лазар Трповски“ во Чаир

ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска,  од 08:40 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Методија Митевски“ и „Лазар Трповски“ во општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на улицата „Методија Митевски“ 6/2.

Continue Reading

Во Битола промовиран првиот број на е-изданието „Бели хоризонти“

Културно-информативен центар, КИЦ-Битола го промовира првиот број на електронското списание за култура „Бели хоризонти“. Иницијатор и автор на списанието е битолскиот ликовен критичар и уметник Владо Ѓоревски, а уредник е директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска. Според концептот, списанието е отворено за млади и нови автори, а КИЦ-Битола ќе го издава како тримесечник. Во првиот број застапени се повеќе теми, …

Continue Reading

Министерот Меџити иницираше вонреден надзор во Клиничката болница Битола

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во Клиничката болница Битола, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во Одделот за гинекологија и акушерство во КБ Битола. -Според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до седмиот месец се одвивала во …

Continue Reading