Нова опрема за подобра хигиената низ Гостивар

– Нови контејнери, два камиони за подигање на смет, метларка и опрема за работниците се дел од последната инвестиција, со која гостиварското комуналното претпријатие ќе ја подобрува хигиената во општината. Првиот човек на ЈП Комуналец, Фатон Биљали претстави дел од новата опремата за која како што рече е набавена во соработка со локалната самоуправа. -Од денес возниот парк е дополнет …

Continue Reading

Во Прилеп почна втората фаза прскање против комарци

 – Од ноќеска па до четврток, во периодот од 22 до 5 часот изутрината на територијата на Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје ја спроведува втората фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот, како и во населените места, а ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно …

Continue Reading

Во Пробиштип од утре бесплатен линиски превоз

– Општина Пробиштип од утре воведува бесплатен линиски превоз, најави денеска градоначалникот на Општината, Драган Анастасов. Тој за МИА вели дека бесплатен линиски превоз ќе има два дена во неделата, односно секој понеделник и среда. Општината за реализацијата на овој проект има издвоено 560.000 денари од сопствениот буџет, и овие средства се за да се реализира превозот до крајот на …

Continue Reading

Приведени двајца гостиварци, извршиле кражба во куќа

Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(40) и 37-годишната З.С., двајцата од гостиварското село Неготино. Како што информира МВР, Б.С. и З.С. претходно биле пријавени од 35-годишна жителка на гостиварска Топлица дека извршиле кражба во нејзината куќа. Тие биле ангажирани за чистење и средување на внатрешните простории. Кај лицата било пронајдено одземеното и било вратено на сопствениците. …

Continue Reading

Утринско и ноќно миење на улиците во Куманово

Почна ноќното миење на главните сообраќајници и плоштадот во Куманово, информираа денеска од Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“. – Поради портокаловата фаза во којашто се наоѓа нашата земја и екстремно високите температури согласно препораките, нашите екипи активностите ги започнаа уште во раните утрински часови со интензивно миење на плоштадот, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски. Ноќва се …

Continue Reading

Жител на Кичево загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево, кај село Кладник вчера во 13:15 часот загина жител на Кичево. Како што информира МВР, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна …

Continue Reading

Во Прилеп почна меѓународната ликовна колонија „Дрен“ со уметници од земјава и од странство

Деветнаесет уметници од земјава и од странство почнаа да ги создаваат своите дела на 15-та меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2023“ што до 23 јули ќе се одржува во Прилеп. Уметниците ќе работат во повеќе дисциплини: скулптура, инсталација, сликарство и ќе користат различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер. Се очекува годинава да се создадат 40 дела. -Уметниците и …

Continue Reading

Илир Демири назначен за нов директор на Клиничката болница Тетово

Доктор Илир Демири денеска е именуван за нов директор на Клиничката болница во Тетово. Тој е именуван од страна на министерот за здравство, а на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор во Ковид-19 центарот. Од Министерството за здравство информираат дека доктор Демири е специјалист инфектолог, кој поседува богато работно искуство и …

Continue Reading

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово организира летна работилница за деца

Најмладите кумановци претежно од предучилишна и училишна возраст, вечра присуствуваат на летната работилница за музика, цртање, сликање која ја организираше Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Актерите од кумановскиот театар, Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски читаа бајки и разговараа со најмладите кумановци. – На овој начин преку работилници се обидуваме да ја засакаат културата, уметноста да се …

Continue Reading