Пронајдени огревни дрва, приведен дрвокрадец од Кичево

Дваесет и четиригодишен жител од Кичево е приведен ноќеска откако при преглед на возилото што го управувал на патот од село Бигор Доленци кон населбата Бичинци пронајдени се огревни дрва без документација и две моторни пили. Лицето не поседувало ниту документи за возилото. Од МВР денеска информираат дека е приведен  М.М синоќа во периодот меѓу 23:00 и 04:00 часот. Исто …

Continue Reading

Почна манифестацијата „Вевчанското лето 2023“

Со концерт на групата „Лугер“ и дуото Викторија и Алмир синоќа во Вевчани беше отворена манифестацијата „Вевчанско лето 2023“. Вевчанското лето, како што истакна Наташа Кукоска во името на Општината, е манифестација која има за цел да го збогати културниот живот во Вевчани, да ја збогати туристичката понуда, да ги анимира младите љубители на култура, спорт и уметност. – Оваа …

Continue Reading

СВР Тетово организира средби со угостители со цел да се превенира пукање на свадби

Претставници на Отсекот за превенција на СВР Тетово неделава оствариле серија средби со сопственици или одговорни лица од тетовски угостителски објекти. На угостителите им било укажано да водат сметка за јавниот ред и мир, во и околу објектите и пред сè да водат сметка и да пријават пукање од огнено оружје за време на свадбени или други семејни свечености. -Средбите …

Continue Reading

Во Крива Паланка синоќа џез концерт на „Гордан Спасовски трио“

Публиката во Крива Паланка синоќа имаше несекојдневна прилика да ужива во настапот на „Гордан Спасовски трио”, еден од современите македонски џез ансамбли кој ја негува македонската џез традиција. Концертот со репертоар од албумот „Лајт Пилар” (Light pillar) беше дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2023″ во организација на Општина Крива Паланка, заедно со институциите од областа на културата, со …

Continue Reading

Без вода дел од Општина Карпош

ЈП водовод и канализација информира дека од 07:00 часот утрово, поради уличен дефект ф-1” на улицата „Сердарот“ 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Сердарот“, „Нагоричанска“ и дел од „Иван Хаџиниколов“. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.

Continue Reading

Интернационален етнографски филмски фестивал во Битола

Со проекција на словачко-шведскиот етнографски филм „Тапкање на црните чизми“, синоќа во Битола почна второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал што се одржува во рамки на фестивалот „Илинденски денови“. Годинава за учество на фестивалот во Битола конкурираа 200 етнографски филмови, но во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ ќе се емитуваат 21 филм од 19 држави во светот, истакна селекторот …

Continue Reading

Промотивна кампања за бесплатна правна помош во Боговиње

Во општина Боговиње денеска ќе биде отворена канцеларија за бесплатна правна помош. На отворањето ќе присуствува министерот за правда Кренар Лога. Како што е најавено, министерот Лога и градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу ќе потпишат меморандум за соработка. Пред зградата на Општината ќе се одржи и промотивна кампања за бесплатна правна помош.

Continue Reading

Без вода дел од општина Центар

Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат дел од жителите од улиците „Максим Горки“ и „Осма ударна бригада“ и сите деловни објекти во овој реон во Општина Центар. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улица „Максим Горки“ бр.17. Корисниците ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот.

Continue Reading

„Отворен кабинет“ на МВР во Битола

Проектот „Отворен кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска продолжува во СВР Битола. Пред средбата со граѓани, министерот Спасовски ќе има работен состанок и брифинг со раководството на СВР Битола. Министерот Спасовски попладне на граничниот премин Меџитлија ќе оствари средба и со раководството на граничниот премин. 

Continue Reading