Отворена канцеларија за бесплатна правна помош за граѓаните во Општина Боговиње

– Граѓаните од Општина Боговиње во иднина ќе имаат на располагање канцеларијата за бесплатна правна помош во населеното место Камењане. Канцеларијата се отвора со поддршка на Советот на Европа. – Денес отвораме канцеларија во Камењане во склоп на Општина Боговиње. Имаме најавено дека ќе сме присутни во цела држава, така во наредните недели ќе отвориме канцеларии и во Јегуновце, Брвеница …

Continue Reading

Проектот на МВР „Отворен кабинет“ реализиран и во СВР-Битола

 – Министерот во Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во посета на СВР-Битола, а во рамки на проектот „Отворен кабинет“ се сретна со повеќе битолчани од кои ги слушна нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат. Според министерот Спасовски, проектот е воден од премисата дека партнерството помеѓу полицијата и граѓаните започнува во …

Continue Reading

Почна реконструкцијата на водоводната мрежа во кумановската населба Бедиње

 – Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „11 Ноември“ кон „Индустриска“ во кумановската населба Бедиње, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Реконструкцијата на водоводната мрежа е дел од годишната програма за реконструкција, одржување и изградба на мрежи на општината. – Мрежата изградена во шеесеттите години од минатиот век за потребите на месното население и тогашните фабрики. Последниве …

Continue Reading

Во Делчево одржана обука за презентација на Бесплатна правна помош во рамки на смарт-проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните“

– Во Делчево се одржа обука за презентација на Бесплатна правна помош како дел од смарт-проектот на Невладината организација „КХАМ“ Делчево „Инспекторатите во служба на граѓаните“. Освен начините на  изработка на правни артикли или правни поднесоци до институциите, како што истакна координаторот на проектот Зоран Биковски, граѓанските организации и учесници на денешната обука имаа можност да се запознаат со своите …

Continue Reading

Арсовска изврши увид на градежните работи на улица во Шуто Оризари

– Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари. -Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје ги почнаа градежните  активности, а со реализација на овој проект и веќе завршената улица 38 се подобрува …

Continue Reading

Мнозинството советници не се против запишување на поголем број деца во воспитни групи во кумановската градинка, но под поинакви услови

– Мнозинството во Советот на општина Куманово не е против зголемување на бројот на деца во градински групи, но не во услови како што нуди градинката, кажа на денешната прес-конференција, претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска во однос на вчерашните обвинувања на директорката на детската установа дека од септември ќе нема уписи на деца, поради одлуката на мнозинството …

Continue Reading

Вонредна дератизација на канализациската мрежа и градската депонија во Делчево

Вo Делчево денеска е извршена вонредна дератизација на градската канализациска мрежа и депонијата Острец. Акцијата како што информира локалната самоуправа, е дел од превентивните активности по поплавите во Делчево, а по препорака на епидемиолошката служба при ЈЗУ Центарот за јавно здравје во Кочани со цел превенција од заразни болести. Дератизацијата ја вршеа стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје, …

Continue Reading

Отворен филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ се отвори неофицијалната програма на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран. Како дел од првата фестивалска вечер, актерката Елена Трајковска имаше кратко едукативно шоу за децата за филмот како медиум, a најмалите уживаа и во детска анимирана фестивалска програма. Специјалната програма на „Преку езерото“ оваа …

Continue Reading

Ампева: „Гласен Текстилец“ има пријави за работа на градежни работници и бремени жени за време на топлотниот бран

Здружението „Гласен Текстилец“ изминатите денови имале пријави од страна на работници но и граѓани за непочитување на мерките и препракките на Владата за работниците за време на топлотниот бран. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ за МИА вели дека пријави им пристигнале од Штип, Скопје и Свети Николе. -Од Скопје и Штип имаше пријави за градежни работници, работници од јавни претпријатија …

Continue Reading