Приведено лице од Битола кое се барало за издржување затворска казна

Криминалистичката полиција на СВР Битола денеска на ул.„Партизанска“ во Битола го привела Б.С.(36) од Битола. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за него била издадена наредба од Основен суд Кичево со која се барал за издржување казна затвор од две години и пет месеци. -Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола, информира МВР. 

Continue Reading

Без вода корисниците на „Рисли Конгрес“

Поради дефект, без вода од 08:20 часот се корисниците на ул.„Рилски Конгрес“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Continue Reading

Без вода делови од општина Гази Баба и болницата „Жан Митрев“ во Карпош

Корисниците од улиците „Зеничка“, „Тајмишка“, „Душан Тасковиќ“ и дел од улицата „Коце Металец“ во општина Гази Баба денеска од 9 часот ќе немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради интервенција во шахта на улица „Зеничка“ бр.13 и ќе трае до нејзино завршување. Од 9 часот без вода ќе остане и објектот на болницата …

Continue Reading

ЦУК: Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница

– Регионалниот ЦУК Тетово и денеска спроведува активности за потрага по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница, кое за исчезнато беше пријавено во неделата. Како што информираа оттаму, на терен биле двајца вработени во РЦУК Тетово, пет лица од ДЗС Тетово, три полицајци од ПС Жеровјане, три лица од Општина Брвеница како и градоначалникот, и едно лице-нуркач од ТППЕ Тетово. …

Continue Reading

Општина Зрновци ја прошири програмата за уредување на градежното земјиште со парцела за дом за стари лица

Општина Зрновци ја прошири годишната програма за уредување на градежното земјиште, со што покрај веќе постојните дваесетина, ќе овозможи продажба на уште две парцели за изградба на објекти за индивидуално и колективно домување. Согласност за проширувањето даде Советот на Општината на 28. седница, при што беше нагласено дека се работи за парцели со поголема површина, односно едната од над 2.200 …

Continue Reading

Кумановци поднеле десетина пријави за надминување на бучавата за два дена

Десетина пријави за надминување на гранични вредности на бучавата стигнале до секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, за два дена, информираа денеска надлежните. Најголем дел се однесуваат на работата на угостителски објекти, кафе барови и ресторани, на звуците од музика при свадби. Општината претходно ги повика кумановци да пријават бучава. Во соопштението се наведува дека за нарушување на јавен …

Continue Reading

Ќе се изработува техничка документација за изградба на водоводна мрежа на Голак

Во рамките на Договорот за заедничка реализација на проектот „Изработка на технички документации за унапредување и промоција на конкурентските предности на Источен плански регион“ за Општина Делчево ќе се  изработува техничка документација за реконструкција на постоечка и изградба на нова водоводна мрежа за туристички локалитет Голак. Договорот како што информираа од Општината беше потпишан денеска на Седница на Советот на …

Continue Reading

Граѓаните на Велес се жалат поради исклучување на уличното осветлување на цели или делови од улици

Граѓаните на Велес се жалат до локалната самоуправа заради  исклучено улично осветлување на цели или делови  од поедини улици во градот. Тие појаснуваат дека навечер е небезбедно за движење и возење по велешките улици. Улично осветлување нема над Градскиот базен кај поранешно „Жито Вардар“, на високите улици над Којник и други места во градот. Од Општина Велес за МИА информираат …

Continue Reading

Стефковски: Општина Гази Баба со директна помош за Словенија која е погодена од големи поплави

Скопје, 10 август 2023 Попладнево оддржав средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Република Словенија во Република Македонија. На средбата се информирав за состојбата во која се наоѓаат најпогодените места во Словенија, а вооедно истакнав дека општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на …

Continue Reading