Почнува Богородичниот пост

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, …

Continue Reading

Од верските календари

14 август 2023 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 август. Денеска е Св. седум маченици Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар. Сите овие пострадаа околу 180 година за чистотата на израелската вера во едниот Бог, на која беше удрил царот Антиох Епифан. Тој беше наредил по закана со смрт на сите граѓани …

Continue Reading

Од верските календари

13 август 2023 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 јули. Денеска е Св. праведен Евдоким. Свети Евдоким се роди во Кападокија во деветтиот век, во времето на византискиот цар Теофил. Кога порасна стапи во војничка служба како офицер. Но, Евдоким не се препушти на бурниот и бучен војнички живот, туку и како војник …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јули. Денеска е Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник. Сите овие беа од редот на 70-те апостоли. Сила му беше сопатник на апостолот Павле. Подоцна стана епископ на Коринт, каде и го заврши земниот живот во мир. Силуан, пак, беше солунски епископ, Крискент епи¬скоп во …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Светиот маченик Калиник Родум од Киликија. Од малечок воспитан во христијанското благочестие. Остави с ? и тргна да го проповеда Евангелието. Во Анкира беше фатен од некој незнабожечки кнез Сакердон. Кога кнезот му се закани со грозни маки доколку не им се поклони на идолите, Свети Калиник му одговори: „Мене секоја мака за мојот Бог ми …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Житие: Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесеттемина апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 јули. Денеска е Св. великомаченик Пантелејмон. Свети Пантелејмон се роди во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи …

Continue Reading

Свети Климент Охридски и свети Пантелејмон

На 9 август (нс.) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици. На овој ден Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон. Именден празнуваат: Пантелеј, Панде, Пано, Панка, Панто,Панчо… Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент …

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули. Денеска е Св. преподобна маченичка Петка. Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи …

Continue Reading