На денешен ден

1453.- По долга опсада, турската војска го зазела Константинопол, престолнина на некогаш моќната Византија. Некои историчари овој датум го сметаат како крај на средниот век. Оттогаш, па до крајот на Првата светска војна, поточно до 1923 година, Константинопол бил престолнина на Турција (кај Македонците вообичаен е називот Цариград). Во 1930 година го добил денешниот турски назив Истанбул. Од 1923 година …

Continue Reading

На денешен ден

28 мај 2023    1660.- Роден е британскиот крал со германско потекло Џорџ Први, првиот монарх на Велика Британија од Хановерската династија. Во текот на неговото владеење од 1714 до 1727 година функцијата премиер станала клучна во извршната власт.   1738.- Роден е францускиот лекар Жозеф Ињас Гијотин, кој во Народното собрание на Франција за време на Француската револуција предложил извршување смртна …

Continue Reading

Ова се случило на денешен ден…

27 мај 2023   – Ден на македонското електростопанство   1525.- Убиен бил Томас Минцер, германски теолог и револуционер. Бил застапник на интересите на сиромашните селани и на другите сиромашни слоеви. Го водел востанието на рударите и сиромашните занаетчии во 1521 година, а бил и еден од најборбените водачи на германско-селската војна во 1524-1525 година. По поразот на селската војска бил …

Continue Reading

На денешен ден

735.- Умрел Свети Бид, монах, црковен историчар, литерат, автор на првата историја на Британија. Неговата „Црковна историја на англискиот народ“ (“Historia Ecclesiastica Gentis Anglorum”), е напишана на латински јазик и претставува најважен извор на англосаксонската историја меѓу првиот и шестиот век. Пишувал и на англиски јазик, посебно песни, но сочувана е само „Посмртна песна“. 1623.- Роден е англискиот економист Вилијам …

Continue Reading

На денешен ден

1803.- Роден е американскиот писател и филозоф Ралф Валдо Емерсон. Дела: „Природа“, „Друштво и осаменост“, „Поеми“. 1810.- Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започнал бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презела привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година. 1889.- Роден е рускиот конструктор …

Continue Reading

На денешен ден

24 мај 2023 – Ден на солунските браќа Кирил и Методиј. Православната црква во 11. век, во чест на солунските браќа Кирил и Методиј одлучила 24 Мај да се прославува, како Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски просветители. Македонија со посебен пиетет го празнува овој ден, во знак на признание за се она што го направиле солунските браќа …

Continue Reading

На денешен ден

1430.- Во Стогодишната војна во Кампиења била заробена француската национална хероина Јованка Орлеанка и им била предадоа на Англичаните. Била изведена пред црковниот суд, а во 1431 година и осудена на смрт. 1514.- Во Унгарија почнала селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои барале враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазеле поголем дел од територијата. …

Continue Reading

На денешен ден

337.- Починал римскиот цар Константин Први Велики, првиот римски цар кој дозволил слободно исповедање на христијанството. Тој е основачот на Константинопол (Цариград), новата престолнина на Царството. 1813.- Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во третата половина на 19. век. Негови најзначајни дела се „Тристан и Изолда“ и „Лоенгрин“. Умрел …

Continue Reading

На денешен ден

21 мај 2023   – Светски ден на културната различност.   1471.- Роден е германскиот сликар и бакрорезец Албрехт Дирер, еден од најголемите ренесансни мајстори. Дела: „Четири апостоли“, „Света Тројца“, „Портрет Холцшуер“.   1471.- Во лондонскиот затвор „Тауер“ бил убиен англискиот крал Хенри Шести, последниот монарх од династијата Ланкастер, симнат од престолот во династичките борби („Војна меѓу две ружи“), а …

Continue Reading