Секој сака да работи во компанија каде ќе може да се надградува, да расте и да биде награден за својата работа. Дали станува збор за бонуси, награди, напредување, обуки, бараме компанија која ни одговара со условите за работа.
Има многу ЗА кога станува збор за вработување во Макстил.
Голема придобивка е дека Макстил за сите свои вработени има склучено договор за приватно здравствено осигурување со можност да се додадат и членови на семејството. Бонусите на плата за успешна работа и добри перформанси, се многу чести и можат да бидат на месечно, квартално или годишно ниво. Чести се и наградите дадени по различни основи, награда за успешно препорачан вработен, награда за вработен на месецот, или роденденски ваучери.
Дополнително вработените со семејства имаат ваучер за училишна опрема за деца во основно и средно училиште, за стипендија за деца во средни стручни училишта, или стипендии за студенти на техничките факултети и можност по завршување на образованието за вработување во Макстил.
Макстил e водечка компанија во домашната челична индустрија и еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови. Дел е од глобалната групација DITH, и во моментов има речиси 1 000 вработени. Работниот процес на вработените е проследен со обуки од ментори, стекнување технолошко знаење и сертификација. Како компанија спроведува оперативни процеси проследени со еколошка одговорност и грижа кон заедницата, со користење рециклирано железо, без емисија на цврсти честички и со примена на циркуларна економија.
Со многуте поволности за вработените и атрактивната понуда за секоја работна позиција, Макстил важи за компанија – посакуван работодавач каде што вработените добиваат многу повеќе од основно загарантираните бенефиции.
Моментално отворени позиции во Макстил на линкот.