Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец ноември 2026 година изнесува 70.827 денари, што претставува зголемување за 469 денари во споредба со октомври 2026 година, кога изнесуваше 70.358 денари, информираат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Животот се поскап, кошничката се попразна“, оценуваат од таму.
Спoред процениките, доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребните месечни средства за покривање на основните животни трошоци во ноември достигнуваат 86.202 денари.
„Трошоците за живот продолжуваат да растат, а платите сѐ потешко ги следат. За работниците, секое ново поскапување значи помалку пари за храна, сметки и основните потреби на семејството.
Не е доволно платата да се зголеми на хартија, ако секој месец во продавница работникот може да купи сѐ помалку“, велат од ССМ.