ВМРО-Народна партија за петте Предлог-закони со европско знаме поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д ќе гласа против“ информира на денешната прес-конференција пратеникот на оваа партија, Љупчо Балкоски.
Тој истакна дека ги поддржуваат програмите на Владата за изградба на инфраструктурни проекти, но посочи дека не го поддржуват начинот на кој ќе се гради.
Според Балкоски, со донесувањето на овие предлог-закони се исклучува примената на правниот и финансискиот систем во државата, се доведува во прашање значењето и важноста на основниот закон за определување на стратешкиот партнер, посебно што се менуваат суштински членови и се исклучува обезбедувањето на еднакви законски одредби и услови за изведувачите на големи градежни работи, почитувањето на правата на работниците….
-Повторно доставуваме предлог до Владата и истовремено ја охрабруваме да донесе Одлука за изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 8 – од Куманово до ГП Деве Баир, затоа што предлог-законот го дефинира само делот од Тетово до ГП Ќафасан, а не целиот Коридор 8 и изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 10д, од Велес – Прилеп – Битола до ГП Меџитлија. На ваков начин ќе добиеме целосно решение наспроти сегашното парцтијално решение, рече Балкоски.