Трајковски повика на општествена одговорност: Не можеме да спречиме зголемување на цените

Трајковски-повика-на-општествена-одговорност-Не-можеме-да-спречиме-зголемување.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Државниот пазарен инспекторат во континуитет правеше контрола и надзори по одлуките и во текот на вчерашниот ден, рече директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

ДПИ вчера направи контрола на сите големи ланци маркети во Македонија со цел да утврди дали се почитуваат антикризните мерки за намалување на цените. Од првичните информации потврдено е дека има прекршоци, но ќе се почека да завршат надзорите во целост, извести директорот Горан Трајковски.

Како институција тој објасни, дека нема надлежност да влијае врз формирањето на пазарната цена која е исклучиво слободна волја на трговците.

Тој апелираше до трговците на мало и на големо да направат акции, односно да ги задржат цените на основните прехранбени производи на ниво на стандардот на граѓаните.

„Ќе контролираме во маркетите по завршувањето на одлуките, дали се придржуваат до одредбите на законот за трговија, законот за заштита на потрошувачи, дали соодветно се води трговска евиденција, дали се тие доведени до заблуда, една цена на рафт, друга на каса, реалност на попустите и слично“, рече Трајковски.

„Владата донесе мерки за да го спречиме растот на цени. ДПИ вршеше проверки и се почитуваа одлуките. Затворивме големи ланци на маркети, немаше никаков компромис. Она што ДПИ го направи вчера е обемни контроли и по одлуките на Владата, што значи има прекршувања, но ќе чекам да завршат контролите до крај. Доколку се прекршени ние можеме да затвораме, од три до 30 дена. Не сакаме да казнуваме, сакаме да видиме одговорност“, рече Трајковски.

„Дел од маркетите ги немаат зголемено цените, дел ги имаат. Се очекува да се покачат цените, повикувам на општествена одговорснот, цените да ги остават на исто ниво“, изјави директорот на ДПИ и додаде дека како институција не може да спречат цената на лебот од 29 денари да порасне на 35 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK