Средствата за субвенциониран оброк ќе се исплаќаат на неделна основа

Средствата-за-субвенциониран-оброк-ќе-се-исплаќаат-на-неделна-основа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







По донесувањето на последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, Шпаркасе Банка ги известува студентите што се корисници на кобрендираната картичка за студентски оброк издадена од Шпаркасе Банка во соработка со Министерство за образование и наука, дека се врши измена во начинот на исплата на средствата за субвенциониран оброк – наместо на дневна, ќе се исплаќаат на неделна основа.

Со промената на Законот, почнувајќи од 1.3.2024 година, секој студент што го остварува правото на субвенциониран студентски оброк, на својата трансакциска сметка ќе добива буџет во износ од 840 денари, кои ќе може да се користат за приготвена храна и за прехранбени производи. Овој износ ќе им биде на располагање од понеделник до сабота. Доколку во сабота не се искористат средствата, тие нема да бидат префрлени за понатамошно користење.

(ПР)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK