Стартува Програмата за енергетска ефикасност со јавни згради

sostanok
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна примената на Програмата за енергетска ефикасност во јавни згради од Зелениот климатски фонд што се спроведува со Француската развојна агенција. За можностите што со Програмата се достапни за Северна Македонија денеска на состанок во Владата разговарале вицепремиерот за економски прашaња, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, амбасадорот на Франција, Сирил Баумгартнер и претставници од Француската развојна агенција и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) GmbH.







Бомгартнер Програмата, одобрена во октомври 2022 година, стартува преку првична идентификација и подготовка на проекти.

Во актуелната фаза, предвидени се пет милиони евра како грант средства за техничка поддршка и пристап до 1,3 милијарди евра поволни кредити од проектот во кој имаат пристап и други 10 земји кои се вклучени во проектот, информира владината прес-служба.

Исто така, врз основа на институциите кои треба да бидат посетени од мисијата, се дискутирало и за тековните активности на државата во однос на енергетската ефикасност во зградите.

Во рамки на мисијата, а со поддршка на Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, предвидени се и дискусии со други меѓународни финансиски институции, како Светска банка, со чија помош се формира Националниот фонд за енергетска ефикасност. Активност, која исто така е помогната и од Зелениот климатски фонд.

Од владината прес-служба укажуваат дека адаптацијата и отпорноста на инфраструктурата кон климатските влијанија се еден од најголемите предизвици во справувањето со климатските промени.

-Зградите се одговорни за речиси 40 проценти од емисиите на стакленички гасови поврзани со енергијата и се очекува употребата на енергија за ладење на просторот да се удвои до 2040 година. Земјите итно треба да ги намалат емисиите што ја менуваат климата и да се прилагодат на зголемените температури и другите климатски влијанија, велат од Владата и најавуваат дека ќе продолжат со напорите за постигнување на целите за енергетска ефикасност, овозможување на мерки и активности за заштеда на електрична енергија, а со тоа и справување со влијанијата од глобалната енергетска криза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK