Стартап Клуб Скопје предводник на #СтартапРеволуцијата во Македонија

Под слоганот “Стартапи градат стартапи”, Стартап Клуб Скопје го лансираше првиот повик за Инкубаторската програма #ИмамИдеја.

Од самото отварање на повикот 6 ноември до 15 јануари, пристинаа над 150 бизнис идеи од областа на образование, медицина, технологија, архитектура, e – commerce, угостителство итн. Интересот за овој повик на кој имаа можност да аплицираат поединци и тимови зборува за потенцијалот на претприемничка заедница и  поттребата од поддршка за иноваторите кои се дел од домашниот стартап екосистем.

Од пристигнатите апликации беа селектирани најдобрите 24 идеи кои присуствуваа на  настанот за предселекција: Хакатон #ИмамИдеја кој се одржа на 03.02 и 04.02 20204 година во мултифункционалниот простор на Старап Клуб Скопје. Во првиот продуктивен ден на Хакатонот, учесниците беа поттикнати да ги развиваат своите идеи со искусни ментори, а на вториот ден ги  презентираа пред судиите  за шанса да продолжат во инкубаторската програма. Средношколци од 16 години па се и до постари генерации на професори од 70+ имаа можност да пичуваат идеи пред судиите и да добијат фидбек за понатамошен развој и раст на својата идеја за услуга или продукт. Дел од менторскиот тим за време на: Хакатон #ИмамИдеја беа претставници од бизнис фелата како и основачи на успешни стартап компани тоа се:

Финалниот дел од настанот вклучуваше селекција на 12 најиновативни идеи: Agency Ticket, ExpandUps, myLife, DIA (Diabetes Intelligent Assistant), BioPrint 3D, Возикај, Onlygrow, RealWire, Tail, Publish Your Game и Common, кои беа избрани да продолжат во Инкубаторската програма #ИмамИдеја. Реализацијата на оваа интензивена и специјализирана програма е предвидена во период од три месеци, почнувајќи од втората половина на февруари до мај оваа година.

[su_image_carousel source=”media: 844519,844520,844521,844522,844523,844524,844525″]

Со голема возбуда, очекуваме да ги видиме нивните проекти како се развиваат и да ги презентираат пред инвеститори, бизнис ангели, фондации и компании на финалниот настан „Ден на инвеститори“ во мај.

Повикот за инкубаторската програма #ИмамИдеја е само знак дека постои голем интерес да се разбуди креативноста кај младите и постарите во креирање и иновации.  Токму затоа СтартАп Клуб Скопје ќе продолжи да креира и да биде дом и место на многу идеи во периодот што следува, со цел откривање на вистинскиот потенцијал на новата генерација на претприемачи во нашата држава.

Бидете дел од СтартАпРеволуцијата, следете не на ФБ профилот на СтартАп Клуб Скопје и инстаграм профилот.