Од еден поинаков аспект – конференција за женско лидерство и премостување на родовиот јаз во М6 Едукативен центар

key-visual23
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како родовата еднаквост и промовирање на женското лидерство може да донесе забрзан развој во општествениот и бизнис секторот?

Кoлку секој поединец, вклучително и мажите  треба да бидат дел од ова движење за навистина да се постигне родова еднаквост?


Дали начинот на воспитување на младите води кон градење на индивидуи кои размислуваат и ќе делуваат надвор од стереотипите за родовите улоги?

Ова се дел од прашањата кои ќе се дискутираат на конференцијата “Женско лидерство – време е да скрши ‘стаклениот покрив’ преку премостување на родовиот јаз”, која ќе се одржи на 21.12.2023 г. во М6 Едукативниот центар.

Настанот ќе креира единствена можност за инспиративни говори, панели и дискусии од страна на претставници од институциите, од дипломатскиот кор во земјава, личности кои се вклучени во креирање на општествените политики, претставници на бизнис секторот и младинските организации. Говорниците, подеднакво мажи, жени и млади лица, ќе дискутираат од различен аспект  – како општеството и како секој пол и генерација ги третираат прашањата за родовата еднаквост.

За сите овие прашања ќе се понудат решенија како да се премости тој јаз кој постои и како да се воспитуваат младите со цел новите генерации, рамноправно да градат поперспективна иднина заедно.

Конференцијата “Женско лидерство – време е да скрши ‘стаклениот покрив’ преку премостување на родовиот јаз”, е дел од платформата Step Forward на М6 Едукативниот центар, преку која се адресираат разновидни, важни општествени теми и се испраќаат моќни пораки до сите засегнати страни, a се креираат и тренинг програми наменети за развој на компаниите и индивидуите.

Овој настан е вовед во новите тренинг програми во М6, кои имаат за цел развој на ESG филозофија на работење во секоја организација.

Во оваа насока работи и М6 и со таа цел, присуството на конференцијата ќе биде со симболична котизација, а собраните средства ќе се донираат за децата и младите згрижени во СОС Детско Село, што му дава на настанот и хуманитарен карактер. Поради ограничениот број на места, конференцијата ќе може да се следи и онлајн.

Регистрацијата за присуство може да се направи тука.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK