Комерцијална разговара со повеќе инвеститори за преземање на „Еуроникел“, работници ќе им требаат, но преговорите се тајна

„Еуроникел-оди-во-стечај-800-вработени-остануваат-на-улица-сопственикот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комерцијална банка извести дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот „Еуроникел“, кои сега се во сопственост на Банката.


Како што наведуваат во соопштението, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.

„Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на „Еуроникел“ ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес“, велат од Комерцијална банка.

Од таму особено истакнуваат дека евентуалното отворање стечајна постапка врз „Еуроникел“ нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на банката врз преземениот имот и опрема.

„Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања“, се додава во соопштението од банката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK