Андонов: ЕСМ е клучниот столб во енергетиката па дури и во економијата на нашата држава

Андонов-ЕСМ-е-клучниот-столб-во-енергетиката-па-дури-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Директорот за развој и инвестиции и член на Управен одбор на АД ЕСМ, Виктор Андонов денес беше дел од дводневната конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата на Република Северна Македонија.

Андонов даде свое излагање во Панел 2 “Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина”

„ЕСМ е клучниот столб во енергетиката па дури и во Економијата на нашата држава.

Изминатиот период се соочивме со повеќе предизвици и не можеме да си дозволиме да застанеме или да не градиме нови капацитети за производство на електрична енергија.

ЕСМ ја започна првата транзиција во регионот со електраната во Осломеј. Тоа беше патот кој Владата тогаш го трасираше, дека треба да одиме во таа насока. Ја одбра како најпогодна локација, стар рудник на јаглен кој не може да се користи за друга намена. И благодарение на нашите партнери, меѓународните финансиски институции, ЕБОР, Европската инвестициска банка, УСАИД, КфВ Германската развојна банка, се работи на сериозен план за трансформација и на ЕСМ и на комплетна декарбонизација на нашата економија. Ваквата трансформација е неопходна, не само заради заштитата на животната средина туку и за зајакнување и обезбедување на сигурно производство на електрична, а и на топлинска енергија. Водородот е гориво на иднината и затоа во тој правец размислуваме и во однос на трансформацијата на нашите најголеми електрани, РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино“ додаде Андонов.

Една од сериозните мотивации и можности е токму тој инвестициски план преку кој ни се овозможени 3 милијарди евра, средства кои не се само за ЕСМ туку за сите во државата, за домаќинствата, за приватниот сектор, за мали и средни претпријатија во регионите кои биле засегнати со јаглен.

Транзицијата ќе биде скапа, а ако ја задоцниме ќе биде уште поскапа. Имаме добри услови за да го направиме ова. Не само ЕСМ, треба сите да бидеме вклучени, да бидеме дел од оваа праведна транзиција.

На некој начин транзицијата е веќе започната бидејќи веќе имаме обични граѓани кои за свои потреби си имаат изградено фотоволтаици.

За само 2 години се изградија околу 600 MWh обновливи извори на енергија од приватни инвеститори што е навистина добар тренд и треба да се продолжи со тоа темпо“, образложи директорот за развој и инвестиции во АД ЕСМ, Виктор Андонов.

На конференцијата во делот за енергетиката свое излагање дадоа и Министерот за Економија Крешник Бектеши, Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, Славјанка Пејчиновска Андонова, консултат за животна средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK