Инфлацијата на Балканот стигна до максимумот и не престанува и покрај најавите дека тоа ќе биде само надминлива појава и дека се брзо ќе се врати во нормала.
Народната банка на Србија во извештаите за инфлацијата се изјаснила дека растот на цените ќе остане висок и дека до пад на инфлацијата може да дојде во втората половина на годината. Во Европската унија најголема инфлација е забележана во балтичките земји. Во Естонија во Октомври достигнала 22,5%, во Литванија 22,1, а во Летонија 21,7%.
За раст на европската инфлација најмногу допринеле најголемите економии на Германија и Италија.
Најмала инфлација во регионот има Албанија, со 8,3%.
Во ЕУ главен причинител за инфлација е енергијата која се покачила за 41,5% на годишно ниво, а на балканските земји главен причинител е храната. Во ЕУ храната, алкохолот и тутунот се покачиле за 13,1%.
На балканските земји храната е покачена за повеќе од 20%, а негде и 30% за разлика од цените пред една година.
Владите носат мерки за забавување на растот на цените и намалување на цените на основните прехрамбени намирници. Годишниот раст на цените во Република Македонија e најдраматичен, а Владата ветува пакети и мерки кои ќе им помогнат на граѓаните во надминување на кризата. Некои од тие мерки вклучуваат намалување на цената на струјата за компаниите кои произведуваат храна, амортизирање на ценовниот шок на граѓаните преку директна финансиска помош на најранливите категории на граѓани и на пензионерите.
Храната во Босна и Херцеговина е поскапена за 25,9%, а слична е состојбата и во Црна Гора каде покрај покачувањата на цените на храната покачени се и цените на електричната енергија и гасот.
Албанија е една од земјите која бележи најмал пораст на цените од почетокот на кризата па поради тоа и има најмал пораст на покачување на животните трошоци и вкупна инфлација од 8,3%.
(извор)