Азески ќе ја посети компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Скопје 1

azeski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Стопанската комора и на Националниот совет за извоз, Бранко Азески денеска ќе ја посета компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје 1, најголемата странска инвестиција во државата каде ќе има работна средба со најголемите извозни компании во државата.







Како што соопштуваат од Стопанската комора, во рамки на работната средба, Азески ќе ги претстави активностите кои во следниот период ќе бидат реализирани во рамки на Националниот совет за извоз, а заедно со останатите членови на Советот ќе ги слушнат и проблемите и предлозите адресирани од компаниите кои минатата година остварија најголем извоз.

Стопанската комора на Северна Македонија, преку низа претходно реализирани активности насочени кон извозно ориентираните компании го најави својот фокус кон извозот и извозната конкурентност како клучни приоритети во следниот период, а тоа беше препознаено од страна на УСАИД и во рамки на заедничко партнерство преку проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, наведуваат од Стопанската комора

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK