25 години КИБС: Четврт век доверба и иновации во финансискиот систем


1-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС) го одбележа својот 25-годишен јубилеј на свечен настан со претставници на банките, државните институции и партнерите. Во изминатиот четврт век, КИБС прерасна од заедничка визија на банките за ефикасен платен промет во носител на дигиталната трансформација и сигурен столб на финансиска инфраструктура-инфраструктура што е доверлива, безбедна, современа и подготвена за она што доаѓа.


Секое плаќање, примање средства, електронско потпишување или идентификување зависи од системи што работат тивко, во позадина. Токму таа невидлива инфраструктура веќе 25 години ја гради КИБС. Ги поврзува банките и институциите, ги пренесува информациите и ги потврдува идентитетите – сигурно, точно и навреме.

„Во далечната 2001 година, Македонија направи голем чекор кон создавање современ и европски финансиски систем. Како дел од таа трансформација беше создаден КИБС – со јасна задача да изгради инфраструктура што ќе овозможи побрз, посигурен и поефикасен проток на плаќањата“, изјави Горан Анастасовски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на КИБС.

Од платниот промет, КИБС наскоро се прошири и во областа на дигиталната доверба. Уште во 2003 година го воведе електронскиот потпис, а потоа следуваа електронски печат, временски жиг и платформа за електронско потпишување. Во 2020 година стана квалификуван давател на доверливи услуги, усогласен со македонската и европската регулатива eIDAS. Во 2021 година, заедно
со Nextsense ја создаде OneID – првата национална шема за електронска идентификација.

Следниот голем чекор се инстант плаќањата. Во 2025 година, КИБС стана лиценциран оператор на инстант плаќања и ја заокружи инфраструктурата КИБС Инстант, која ќе овозможи плаќањата да се извршуваат моментално, 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Многу наскоро, преку банките, платежните институции и решението СТРЕЛА овие придобивки ќе станат дел од секојдневието на граѓаните, компаниите и институциите.

Сепак, за овој развој не се најважни системите, туку луѓето. „Зад сите овие бројки, лиценци, системи и технологии стојат луѓето – во КИБС, во нашите банки и партнери и во институциите со кои споделуваме заедничка цел: да создадеме современа, сигурна и конкурентна дигиталнекономија“, истакна Горан Анастасовски.

Во знак на благодарност за долгогодишната соработка, КИБС им додели признанија на своите долгогодишни партнери од банкарскиот сектор, државните институции и од ИТ-секторот.

„Затоа, не славиме само 25 години постоење. Славиме 25 години доверба, партнерство, иновации и заеднички успех“, додаде тој. Технологиите ќе продолжат да се менуваат, плаќањата ќе бидат сè побрзи, а идентитетот сè подигитален. Но, она што веќе 25 години го гради КИБС останува
исто: довербата, како главна водилка за следниот четврт век.

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK