Виенската полиција најави дека ќе излезе со соопштение во врска со видеото направено од српски државјанин, на кое наводно се гледа девојче што личи на Данка Илиќ.
Засега не се знае што ќе биде соопштено бидејќи се собираат информации.
Дописникот на РТС јавува дека полицијата ги бара жените на видеото, но бидејќи не им се гледаат лицата, ги бара врз основа на фотороботи. Виенската полиција се огласи за „Блиц“.
„Истрагата е во полн ек, штом има нови информации. ќе објавиме“, велат за „Блиц“ од виенската полиција во врска со истрагата за видеото со девојчето што личи на Данка Илиќ (2), а по кое се трага веќе 7 дена.