Завршна конференција на Проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019” во Рим

zapaden-balkan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегација предводена од основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, на 29 и 30 мај присуствуваше на завршната конференција на Проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019” во Рим.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на првата панел дискусија во своето обраќање Абази ја искажа својата благодарност и задоволство од реализацијата на овој значаен проект и се осврна на придобивките што обвинителството ги оствари како поддршка во изминатите три години.


-Во време кога тероризмот и организираниот криминал не познаваат граници и сторителите ги користат сите технолошки иновации на денешницата, нашето оружје треба да биде насочено кон заедничко делување, а токму тоа беше една од основните цели на овој проект – да ја зајакне соработката меѓу јавните обвинителства од Западниот Балкан и соодветните мрежи во ЕУ, нагласи Абази.

На крајот од своето излагање тој посочи дека иако проектот завршува, криминалот во сите негови форми и покрај заложбите на институциите останува да опстојува, а тоа значи дека е потребно продолжување на поддршката и понатамошен развој на меѓународната соработка втемелен на модерни и ефикасни методи, бидејќи со поединечни напори не може да се очекуваат резултати.

-Секој успешно завршен проект треба да биде никулец на нов проект од таков карактер кој ќе ги продлабочи воспоставените практики и ќе продолжи да ги негува меѓуинституционалните односи во насока на ефективно и ефикасно спроведување на нашата заедничка цел – справување со криминало, додаде Абази.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, се осврна на непосредната соработка со проктниот тим во нашата држава, истакнувајќи дека постојаниот ЕУ јавен обвинител – Станислав Пинтар, заедно со проектниот тим со седиште во Република Северна Македонија за времетраењето на проектот континуирано пружаше поддршка на надлежните јавни обвинители, особено во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на поединечни истраги.

-Проектниот тим не се штедеше при давање на конкретни совети и предлози за одредени прашања со кои се соочуваа јавните обвинители, совети во рамките намеѓународна правна соработка, поддршка на оперативни состаноци ворегионот и пошироко, што беа од особена важност за успешно завршување на определени постапки, поддршка при координирани истраги, изработка и превод на замолници замеѓународна правна помош, превод на докази, организација на координативни оперативни состаноци итн, рече Пеливанов.

Како резултат на помошта на проектниот тим од Проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019”, во 2021 година беа поддржани 15 случаи, а во 2022 година – 18 случаи.

-Особено значајна беше поддршката во рамките на истражните постапки поврзана со финансирање на тероризам, сузбивање на четири организирани криминални групи за криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, криминал со коруптивни елементи против животната средина, истражни постапки за злоупотреба на ЕУ фондовите и низа други поголеми и помали случаи. Поддршката на проектниот тим во изминатиот период имаше и исклучително важна улога и при формирање на заеднички истражни тимови со надлежните институции од другите европски држави, кои успешно соработуваат на конкретни предмети, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK