Вучиќ: Верувам дека во следните 10 до 15 дена ќе се избере нова влада

Вучиќ-Сакаат-да-го-признаеме-Косово-за-Србите-таму-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува за 10 до 15 дена пред мајските празници да се избере новата Влада на Србија.

„Да ги дочекаме велигденските празници и големото собрание со Република Српска, со нова влада. Тоа би имало смисла“, изјави Вучиќ за РТС.

Напомена дека можеби ќе има мали поместувања, но се надева оти пратениците нема да се налутат ако треба да работат за првомајските празници.

Вучиќ посочи и дека главната цел на новата влада ќе биде заштита на виталните национални и државни интереси и дека ќе остане на слободарскиот курс.

Тој рече и дека е задоволен од функционирањето на старата влада, но дека мора да има одредени промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK