Вучиќ: Веројатно ќе чекаме уште шест години за да влеземе во ЕУ, не сме им толку популарни

На-Вучиќ-му-се-заканувале-со-убиство-уапсен-маж-кој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека регионот на Западен Балкан веројатно ќе чека уште шест години за да влезе во Европската унија и дека тоа е во ред.


„Знам дека нема да бидеме дел од Европската унија, никој од нас, пред Украина. Кога ќе влеземе во Европската унија, дали ќе влеземе заедно со Украина, тоа е друг проблем. Вие имате свое мислење, но мојата интелигенција ми кажува дека сум во право. И, се разбира, тоа е нешто што се случува во моментов. Веројатно ќе почекаме уште шест години, што е исто така добро“, додава тој.

„Во вашите земји, можеби Европската Унија е толку популарна, кај мене не е толку популарна, како што не сме толку популарни и ние, иако сме најголемиот дел од овој регион. Никогаш нема да кажеме лоши работи за важноста на оваа иницијатива“, рече Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK