Вучиќ: Сите се вооружуваат до заби, Србија не заостанува, ќе видите наскоро

Вучиќ-Сите-се-вооружуваат-до-заби-Србија-не-заостанува-ќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија не заостанува во вооружувањето во регионот при коментар на изјавата на францускиот премиер дека вооружувањето на Франција е негов приоритет. Вучиќ смета дека изјавата на францускиот премиер е логична, пишува босански Кликс.


„Сите овде во регионот исто така се вооружуваат. А наше е да не заостануваме. И се што можам да ви кажам е дека не заостануваме. Ќе можете да го видите тоа наскоро. Само ќе ве известиме прецизно за датумот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека новинарите од Косово ги прашале Американците што мислат за најавеното воведување на воен рок во Србија, а Американците одговориле дека внимателно ја следат ситуацијата.

„И јас внимателно следам сè што се случува низ целиот свет. И во Америка, и во Англија, и во Франција, и во Германија и во Шведска. Ние следиме сè внимателно насекаде. Сите се вооружуваат до заби. Логично, зошто не би се вооружувала Франција“, заклучил претседателот на Србија, пишува Кликс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK