Во пораст е бројот на козметички салони во Србија: За половина година се отворени 400 нови салони, но растат и цените на услугите

manikir
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Отварањето на фризерски и козметички салони е една од најпопуларните професии помеѓу претприемачите помлади од 35 години.

Козметичките третмани, но на прво место маникирот и педикирот од нешто што се сметаше за луксуз прераснаа во неизоставна рутина на голем број жени, покажуваат и податоците за растот на бројот на новоотворени козметички салони. Во Белград и другите поголеми градови речиси и нема станбена зграда во која нема да видите козметички или фризерски салон, а често се нудат и повеќе услуги, па така во салоните за нега и убавина се нуди се, од шишање и фарбање, до нега на лице и тело, но и шминкање.


Податоците од Српскиот деловен регистер потврдуваат дека бројот на регистрирани фризерско-козметички салони од крајот на 2022 година до половината на јуни оваа година пораснал за повеќе од 400. Од регистарот кажуваат дека регистрирани се 13.938 фирми кои се занимаваат со оваа дејност, но дека е воочлив трендот на раст покажува и споредбата со минатите три години. Имено, бројот на фризерско-козметички салони од крајот на 2021 до крајот на 2022 година се зголемил за 500, додека во оваа година речиси толкав раст е забележан за само пола година.

Покрај ова, официјалните податоци покажуваат дека отварањето на фризерско-козметички салони е една од најпопуларните професии помежи младите претприемачи и е на второ место, веднаш после програмирањето.

Се пообемни се понудите и обуките

Степенот на образованието на козметичарките се разликува и го содржи спектарот од најниско ниво на основни обуки и курсеви кои траат од неколку дена до неколку месеци, па се до четиригодишни стручни подготовки, но и приватни академии кои се почесто нудат обуки за оваа дејност. Само во Белград има уште неколку државни четиригодишни средни училишта за козметички техничари, а голем е и бројот на приватни, во кои може да се стекне истото образование. Од друга страна понудата на курсеви и краткотрајни обуки, особено за нокти секојдневно е во пораст, истакнато е на сајтот Poslovi Infostud“.

 Цените на услугите варираат

 Проценето е дека на пазарот освен околу 14.000 регистрирани бизниси, во областа има уште толку кои работат во сива зона, па затоа и цените на козметичките услуги значително варираат. Како пример може да се земе цената на маникирот како најпопуларната услуга која варира од 1000 до 5000 динари.

Пријателства со корисниците на услугите

Според официјалната статистика, нето заработката во овој дел на услужниот сектор е околу 60.000 динари, но козметичарките истакнуваат дека тоа најмногу зависи и од салон за кој станува збор, но и бројот на клиенти, затоа што голем број од работниците работат на процент.

Соговорничката за „Poslovi Infostud “, истакнува дека за салонот и за работата која подразбира претежно седење и генерално поголем број работни часови од законски пропишаните, ги поврзува блискоста со жените кои редовно доаѓаат на третмани како и градењето пријателски односи. Тие тврдат дека мислењето дека жените најпрво се доверуваат една на друга, но и на работниците во фризерско-козметичките салони не е без основа, затоа што салоните за разубавување ги доживуваат како места каде што имаат време само за себе, се опуштаат и се чувствуваат пријатно.

Козметичарките тоа го истакнуваат и како најубав дел од својата работа.

М. Кизова

(извор: telegraf.rs/ biznis)

(фото: pixabay)

 

 

 

.

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK