Во Грција регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за оваа година

zapaden nil virus
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот случај на заразниот западнонилски вирус за 2023 година во Грција е регистриран во северниот дел на земјата, односно во општина Серес, соопштија од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.







Од ЕОДИ потсетуваат дека вирусот се пренесува главно со каснување од заразени комарци, кои се инфицираат од заразени птици.

Објаснуваат дека поголемиот дел од луѓето заразени со вирусот воопшто не се разболуваат или имаат само благи симптоми, додека пак многу малку дел, помалку од еден отсто од заразените развиваат тешка болест која влијае на нервниот систем.

Западнонилксиот вирус во Грција бил регистриран во периодот од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година.

Најголем број случаи биле регистрирани во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од вирусот починале 33 лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK