Во Белград повеќе десетици илјади луѓе повторо на протест „Србија против насилството“ и блокада на мостот Газела

protesti srbija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Белград во 18 часот како што најавија од проевропската опозиција по втор пат неделева почна масовен протест со учество на повеќе десетици илјади граѓани по повод масовните убиства во Србија со слоганот „Србија против насиство“, јави дописникот на МИА од Белград.







Протестот се одвива во мирна атмосфера, во голема тишина, во форма на протестна прошетка од Народното собрание до мостот Газела, кој е блокиран за сообраќај, тој е помасовен од протестот во понеделник, а колоната на повеќе десетици илјади граѓани во протестната прошетка во еден момент почнуваше од Народното собрание, долж целиот булевар Милош Велики, па се до мосотот Газела.

-Протестот е непартиски и добредојдени се сите граѓани и организации кои сакаат да ја поддржат борбата против насилството, без поделби, а собирот ќе се одвива без партиски обележја, соопштија од опозицијата.

Како што изјави еден од учесниците на протестот, „тој не верува дека со овие протести нешто ќе се промени во Србија, но дека неможе да седи дома инертен“

Еден од организаторите, пратеникот Александар Јовановиќ Чута изјави деке овојпат политичарите не се во преден план и договорено е црниот транспарент „Србија против насилството“ да го носат граѓаните, а политичарите да бидат во втор план.

Александар Јовановиќ Чута изјави дека „целта веќе е постигната оти на блокада на Газела Вучиќ одлично реагирал“ и дека денеска присуствувале на колегиумот во Народното собрание каде претседателот на Собранието Владимир Орлиќ им кажал на пратениците од опозицијата кои поднеле барање за одржување на посебна седница за масовните убиства што се случија и безбедносната состојба во земја, дека ќе исполнат се што ќе побараат.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на бебзбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK