Загрепската полиција поднела пријава против 47-годишна жена чиј запуштен имот во Дубравица кај Запрешиќ ги подложил животните на страшни маки, пренесува „index.hr“.
Полициската управа (ПУЗ) во Загреб соопшти дека 47-годишната жена е пријавена поради сомнение дека сторила кривично дело убивање или мачење животни врз основа на пријава во Полициската станица Запрешиќ за можно сомнение за злоупотреба на животни.
Полицијата прецизира дека постои сомнение дека 47-годишната жена стекнала, а потоа чувала десет кучиња од различни раси и возрасти, како и едно јаре на кое не му обезбедувала доволно количество вода, храна и ветеринарна нега, го чувала во метални кутии и други објекти.
„Се сомнева дека со ваквиот третман ги изложила животните на непотребно страдање, поради што починале две кучиња и едно јаре, поради недостиг од ветеринарна грижа, додека другите животни биле тешко малтретирани и им биле предизвикани непотребни болки и маки. Осомничената е предадена на надзорникот на притворот, а до надлежното државно обвинителство е поднесен посебен извештај“, соопштија од полицијата.
Здружението кое се грижи за напуштените животни, на Фејсбук објави низа вознемирувачки снимки од имотот.
„Кога излеговме да одговориме на пријата затекнавме хорор. Седум од нив се безбедни. Ве молам ако некој види помало куче, околу 10 кг, црно и кафено со пократка опашка веднаш нека не извести. Детали за овој хорор ќе објавиме подоцна, истрагата е во тек“, напишаа покрај првото видео.