Застрашувачка сцена е снимена денеска во Евија, каде поради обилните врнежи и силниот ветер се создаде водно торнадо.
Според граѓаните, водното торнадо е забележано на брегот на Лимнионас во централна Евија.
Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како пијавицата се шири над морето, поминува покрај брегот и исчезнува меѓу карпите, додека бесните ветрови и обилните врнежи продолжуваат да го најавуваат невремето.
Incredible waterspout forms along the coast of Evia, Greece during Storm #Daniel pic.twitter.com/a2LpnlyDwc
— Zoom Earth (@zoom_earth) September 5, 2023
Водното торнадо е честа појава за време на бури, се формира над морски или водени површини, а кога се движи од вода на копно се смета дека станува торнадо.
Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.
Како што покажуваат драматичните снимки од Грција, по поплаватана Волос и Пелион, бурата Даниел почна да прави пустош на островот Тасос и неговата околина.
Силните ефекти од невремето „Даниел“ веќе почнаа да се појавуваат во областите на Ситонија, Халидики каде сообраќајот е во прекин.
Со одлука на Генералната регионална полициска управа на Тесалија, поради невремето, привремено е затворен сообраќајот на Скијатос, до смирување на временските услови.
Досега едно лице загина, а две се водат за исчезнати.
Цивилната заштита на Грција вчера ги предупреди граѓаните и туристите на опасни временски услови во областите Евија, Тесалија, Солун, Лариса, Пиерија, Споради и Магнезија, додека влошување на времето се очекува во поголем дел од земјата.