По вчерашните „пијавици“ кај Ровињ и Црес, денеска овој редок природен феномен се појави кај Чиово во Хрватска.
Многу локални жители на Фејсбук објавија снимки од денешната пијавица, која, како што се наведува се гледала од повеќе места и се вртела околу 10 минути.
Метеоролозите најавија грмотевици, а за областа Риека вклучиле портокалов аларм што укажува на потенцијално опасно невреме.