(Видео) Оклопни возила го опколија поранешниот дом на Милан Радоичиќ, наводниот шеф на српските терористи

Видео-Оклопни-возила-го-опколија-поранешниот-дом-на-Милан-Радоичиќ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовската полиција претресува најмалку една локација во северниот дел на Косовска Митровица. Полицијата е пред станбената зграда во која живеел Милан Радоичиќ, каде што се наоѓа и ресторанот Греј, пишува Нова.рс повикувајќи се на Радио Конткат плус.


Најмалку три оклопни возила на косовската полиција се пред ресторанот и станбената зграда. Улицата е блокирана за сообраќај на возила, но пешаците можат слободно да се движат. На влезот на улицата има двајца специјалци. Тоа е улица која води до градинка и основно училиште.

На улицата од спротива има едно возило на ЕУЛЕКС, додека подолу се уште три возила. КоССев пишува дека претреси не се вршат само во Косовска Митровица, туку и во Звечан и Зубин Поток. Да потсетиме, Милан Радоичиќ е потпретседател на Српската листа. Тој е на црната листа на САД и Велика Британија.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла пред неколку дена на својот Фејсбук објави видео од манастирот во кој се криеле напаѓачите, тврдејќи дека на снимката се гледа и Радоичиќ. Свечла го обвини Радоичиќ дека е „водач на терористичка група и за нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK