(Видео) Мајката на Данка за снимката од Виена на која можеби е нејзината ќерка: „Не следам социјални мрежи“

danka-slichnosti-video.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Видео од девојче во Виена кое е во придружба на две Романки и неверојатно многу потсетува на исчезнатата Данка Илиќ се појави во медиумите, а српската полиција го проверува.


По видеото, се огласи и нејзината мајка.

„Немам видено никакво видео, не следам социјални мрежи“, рекла мајката Ивана за „Информер“, пренесе „Блиц“.

Девојчето кое личи на исчезнатата Данка Илиќ е снимено во Виена во придружба на две жени. Интензивно се работи на нејзина идентификација и лоцирање. Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека се појавила нова трага во потрагата по Данка Илиќ.

Полицијата апелираше до Србите кои живеат во Виена, а кои имаат какви било информации за случајот, да се огласат.

„Ги замолуваме сите наши луѓе кои живеат во Виена доколку го видат девојчето веднаш да ја известат полицијата“, се наведува во апелот откако се појави видеото од Виена.

Данка има две години, кафеава коса и кафени очи, висока е околу 85 сантиметри.

Видеото претходно го коментираа и дедото на девојчето и нејзиниот вујко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK