Поплави беа пријавени на многу улици во Атина додека бурата Даниел, која во последните три дена предизвика пустош во многу делови на Грција, стигна до главниот град.
Врнежите почнаа утрото, но до 16 часот ситуацијата се влоши во многу области, со обилни врнежи во главниот град и Пиреја.
Τώρα στην Αθήνα #κακοκαιρια pic.twitter.com/Uvk17121sJ
— Dimitris Keramidas (@dimkeramidas) September 6, 2023
Главните градски сообраќајници беа поплавени, а сообраќајот беше во прекин, додека услугите на линијата 1 на метрото во Атина е во прекин поради поплави на шините.
Поради акумулација на вода, во прекин е сообраќајот во двата правци во Пиреја од улицата Петра Ралија до улицата Хамостернас, јавува Екатимерини.
Τέτοια τάξη,τέτοια αλφαδιά, δεν την έχω δει.
Ευαγγελισμός pic.twitter.com/gwXI9wavPU— Antonis (@antonis_pit) September 6, 2023
Возовите сообраќаат само меѓу Пиреја и Таврос и Омонија и Кифисија, а станицата Евангелисмос (линија 3) исто така е затворена поради доток на вода од влезот.
Целиот сообраќај на автопатот Атина-Солун од Најк во Лариса до границата со подрачната единица Магнезија е во прекин поради поплави на автопатот. Регионалната полициска управа Тесалија нареди затворање на патот во двете насоки меѓу двете точки.