Идентификувани се двајца малолетници кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ – братот на министерот на БиХ, Војин Мијатовиќ, во паркот на Вождовац, а еден од осомничените (16) е уапсен, пишува Кликс.
Малолетниот се товари за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, јавуваат белградските медиуми.
Како што беше потврдено, малолетниците се сомничат дека со неколку удари во главата го удриле Мијатовиќ, кој почина неколку часа подоцна.
Обдукцијата покажала дека Мијатовиќ претрпел шест удари и дека черепот му бил скршен. После тоа добил епилептичен напад и срцев удар.
Интензивно се трага по второпријавениот, известуваат од полицијата.